Минеаполис: Уапсен полицаецот виновен за смртта на Џорџ Флојд

Полицаецот кој со колена го приклешти Афроамериканецот Џорџ Флојд, легнат и во лисици, по што задржаниот почина, е уапсен, пренесе CNN.

Апсењето на полицаецот се случи пет дена по убиството на Флојд.

Во последните 48 часа делови од јужен Минеаполис поминаа низ анархија. Запалени се и вандализирани многу продавници и објекти, вчера беше запалена и полициската станица. Демонстрантите денеска на некои места употребуваа и молотови коктели, додека илјадници гневни граѓани дивееја, ограбуваа продавници и запалија повеќе автомобили и објекти во градот.

На помош на полицијата во Минеаполис денеска дојде и Националната гарда на САД.

По апсењето на полицаецот, Дерек Чавин, демонстрантите и граѓанските групи бараат задржување и на тројцата преостанати службеници кои го обезбедува местото и не сторија ништо за да се спречи убиството.

Властите во Минеаполис изјавија дека судењето на Чавин ќе биде „брзо и праведно“.

Задржувањето и убиството на невооружениот Афроамериканец Џорџ Флојд е документирано на камера.

Луѓето кои снимаат протестираат полицаецот да го тргне коленото од вратот на легнатиот човек, бидејќи овој може да се задуши. Во таква положба, со приклештен врат, полицаецот со едното колено го држи задржаниот повеќе од седум минути. Од снимката се гледа и слуша како Флојд, легнат на земја и со лисици на рацете, моли за помош и повторува дека не може да дише.

Џорџ Флојд (46) почина по неколку минути од настанот.

Афроамериканската заедница во градот и насекаде низ САД е згрозена од ова однесување на полицијата.

Денеска протести имаше и во други градови какo Њујорк, каде полицијата се судри толпа од над илјада луѓа на плоштадот Јунион. 

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе