Министерството за правда не ја чува документацијата за Барлет Џафери

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната 75. седница одлучи дека не може да се отвори предмет за случајот со Барлет Џафери, бидејќи Министерството за правда не ја чува документацијата.

ДКСК утврди дека Барлет Џафери се здобил со право да полага правосуден испит, иако не бил дипломиран на Универзитетот, меѓутоа дека немаат услови за да го докажат тоа.

-Од документацијата со која располагаме можеме да заклучиме дека кандидатот студиите со кои се стекнал со триста кредити ги завршил по положувањето на правосудниот испит. Не ни се совпаѓа потребното време од стекнувањето на триста кредити до можноста да се полага правосуден испит, меѓутоа не можеме тоа да го потврдиме, бидејќи документите во Министерство за правда не се чуваат, затоа што се работи за предмет со постари датуми и не постојат мерки од наша страна што можеме да ги преземеме. Единствено што можеме да потврдиме е дека лицето Барлет Џафери ги исполнил условите за на Академија оти имал положено правосуден испит, но како се стекнал со правото за правосуден испит не, истакна Билјана Ивановска.

Согласно информациите од Академијата истакнале дека кандидатот поднел пријава по која ги приложил сите документи од јавниот оглас.

Членовите беа согласни дека одговорноста е кај Универзитетите и тој што ги прима документите, но дека моментално можат единствено да предложат електронско чување на документите во Министерството и проверка од инспекторите, бидејќи ризици од вакви злоупотреби сè уште постојат.

-Министерот зошто ги става токму овие документи за една година да се поништат, немаме од кого да земеме одговороност, одговорност од лица кои веќе не се одговорни не можеме да бараме, но факт е дека нас нè интерсаира сегашната состојба бидејќи сега имаме закон за рамката што тогаш го немало, појасни Ивановска.

Оцени дека најдобра опција е да се предложи електронско досие.

-Дали да предложиме да ги објавуваат да ги чуваат електронски во оваа ера на дигитализација да се стават на едно електронско досие на Министерството и така е најдобро и ќе го предложиме, рече Ивановска. Бидејќи веќе имаме дефинитрано точно колку поени дефинираат каков степен, меѓутоа остана предлог да видиме дали се почитува да побараме до МОН, односно до државниот просветен инспекторат да провери дали оваа состојба е надмината или не, бидејќи следниот предмет што ќе го имам повторно го допира прашањето на давањето можност предвреме да се полага правосудниот испит, појасни Ивановска.

На седницата беа разгледани и други конкретни предмети и беа отворени прашања и предлози, меѓу кои и антикорупциска проверка на законот за катастар на недвижности од аспект на состав на органите на Комората на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи на РМ, поради можен судир на интереси во самата структура на органите.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Read more

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Read more
 

Вести

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе