Финалето на Светското првенство во Катар, во кое утре ќе играат Франција и Аргентина, ќе почне со минута молк во знак на почит кон српскиот фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ, кој вечера почина по долга и тешка болест.
Информацијата, како што пренесуваат српските медиуми, денес ја потврди поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, кој сега ја извршува должноста шеф на секторот на ФИФА за развој на фудбалот.
Михајловиќ почина вчера во болница во Рим по долга битка со леукемија.
На барање на неговото семејство Михајловиќ в понеделник ќе биде погребан во Рим.