Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа во средата наутро кога со автомобил Audi удрил во наплатна рампа кај Запрешиќ на автопатот А2, извести загрепската полиција.
Неофицијално се дознава дека се работи за 21-годишен млад човек, кој со брзина од 230 км/ч удрил во бетонска барикада. На местото на несреќата нема траги од кочење. Полициската истрага е завршена, јавува HRT.
Несреќата се случила околу 5:40 часот на автопатот А2 во правец кон Запрешиќ.