Моќници блиски до Путин незадоволни од војната, покажа анализа

Б.С.Б.
/ 26.10.2022 / 10:35

Институтот за проучување на војната (ISW) објави нова анализа за војната во Украина, осврнувајќи се на проблемите со кои се соочува рускиот претседател Владимир Путин.

Членови на руска фракција продолжуваат да го изразуваат незадоволството од руските воени дејствија во Украина, што укажува дека Путин и понатаму мора да се бори за да ги смири оние околу него, стои во анализата.

Фракцијата се однесува на луѓе од внатрешниот круг на Путин, кои ги распоредуваат борбените сили во Украина, објаснува ISW.

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров порача дека рускиот одговор на наводните украински напади на руска територија бил „слаб“, акцентирајќи дека Русија мора да ги „избрише украинските градови“.

Кадиров наведе дека Русија сега е во војна со Украина, а не во „специјална воена операција“ со оглед на тоа што украинските сили се борат на „руска територија“. Истакна дека е незадоволен од руската одмазда, иако е воведена воена состојба.

Членовите на руската фракција директно се соочиле со Путин во врска со развојот на руската војна во Украина, што дополнително го нагласува нивното значење внатре во руските структури на моќ и власт. Washington Post, повикувајќи се на американски разузнавачки служби, откри дека финансиерот на Вагнер групата, Евгениј Пригожин, остро го критикувал руското Министерство за одбрана и наводно го обвинил Министерството дека премногу се потпира на Вагнер групата, а притоа не успеало да ги обезбеди потребните ресурси.

Пригожин се осврнал на извештајот на Washington Post и негирал дека некогаш ги критикувал руските вооружени сили, но ISW пишува дека одрекувањето е лажно со оглед на неговите јавни напади на Министерството за одбрана.

Според ISW, се истакнува дека режимот на Путин многу зависи од информацискиот монопол, а Пригожин може да го загрози со оглед на тоа дека користи поголем број платформи за собирање на истомисленици.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе