МОН: Со вметнување на содржини за родовата еднаквост младите ќе учат за своите чувства и заштитата од насилство и вознемирување

Реформите во основното образование се насочени кон зголемување на аналитичкото и критичкото размислување со што учениците полесно ќе може да направат разлика за тоа што не е во ред и што е правилно. Ова било заклучено на панел дискусијата „Со заеднички сили за родова еднаквост – заложби и повратни информации“.

Станува збор за дискусија која е дел од Глобалниот партнерски форум за сеопфатно сексуално образование организиран од УНФПА.

– Затоа во новата концепција за основно образование која ја имплементираме од септември едни од основните вредности се инклузивност, родова еднаквост и недискриминација за што наставниците поминуваат соодветна обука, а родовите стеротипи се отстрануваат од наставните материјали, истакна Санела Шкријељ, претставник на Министерството за образование и наука,

Како што се наведува во соопштението од Министерството за образование со вметнување на содржини за родовата еднаквост младите ќе учат за своите чувства, самодоверба, почитување, заштита од насилство и вознемирување, како и дека со овие наставни програми се обезбедува дополнителна вредност во градењето на младите, грижата за себе, нивниот интегритет и самодоверба.

– Ги учиме на емпатичност, грижата едни за други и почитување на различностите. Кога учениците ќе ги имаат овие информации уште од најмала возраст ќе ги знаат основните човекови права, но и ќе знаат да ги почитуваат правата на другите, рече Шкријељ.

На онлајн форумот за глобално партнерство, учествуваа над 50 претставници од државни институции, граѓански и младински организации и експерти од светот, стои во соопштението.

Тагови
реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Каков нов симбол се појави на руските тенкови?

Read more

Македонија

Закана по животот на Кацарска: Нашла импровизиран кревет и забоден нож пред гаражата

Read more

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Read more

Беќаровски обвинуван за навреди врз Албанци на национална основа, најави тужба

Read more

Променливо облачно и врнежливо време со ретки грмежи

Read more
 

Вести

Закана по животот на Кацарска: Нашла импровизиран кревет и забоден нож пред гаражата

Читај повеќе

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Читај повеќе

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Читај повеќе

Ердоган: На ​​Нетанјаху му претстои судбина слична како на Хитлер

Читај повеќе

Во хотелска соба во Охрид пронајдена почината жена од Аргентина

Читај повеќе

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Читај повеќе

Беќаровски обвинуван за навреди врз Албанци на национална основа, најави тужба

Читај повеќе

Две девојки повредени откако со возилото излетале од патот Скопје – Тетово

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе