МОН: Тестирањето на платформата продолжува, вчера најавени над 88 илјади корисници

На националната платформа за онлајн-настава вчера биле најавени над 88.000 активни корисници кои, како што информира Министерството за образование и наука, придонеле за успешно идентификување и дефинирање на предизвиците кои произлегуваат од нејзино оптоварување во оваа фаза од имплементацијата.

-Резултатите од тестирањето на терен се целосно сондирани и е започната оптимизација на ресурсите во сите три кластери на сервери (Серверите за базите со податоци (database servers); Серверите за балансирање на оптоварување (load balancer), и Серверите за опслужување на корисниците (web servers)). Процесот на тестирање продолжува и во текот на денешниот ден, а интензивно ќе се одвива и во наредните денови, соопшти МОН.

Министерството наведува дека поради тестирањето можно е  повремено да се добива порака за грешка при поврзување со базата (error database connection), што е очекувано во предметната фаза на тестирање.

– Овој процес ќе помогне не само за успешно ставање на Платформата во функција, туку и ќе поддржи изградба на интероперабилност помеѓу различните системи во рамки на Министерството за образование и наука, во насока на ефективно следење на секој ученик во текот на целокупниот процес на негово образование.Нашата крајна цел е не само да овозможиме континуитет на образовниот процес во вонредни околности, како што е тековниот со пандемијата со COVID-19, туку да создадеме солидни темели за понатамошно унапредување на квалитетот на целокупниот образовен процес во земјата, посочува МОН.

Министерството повикува  учениците и наставниците да продолжат со поврзување на Националната платформа за учење на далечина и во наредните денови, и редовно да ги следат новите содржини што се поставуваат на главната страница (www.schools.mk). 

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Македонија

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Силјановска ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, велат од нејзиниот кабинет

Read more

Мицотакис до Силјановска: Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси

Read more
 

Вести

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Читај повеќе

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе

Лавров: Ако Западот сака решение на украинската криза на бојното поле, Русија е подготвена

Читај повеќе

Последната земја во западниот свет го укина ропството на денешен ден

Читај повеќе

Kривична за тројца тетовци, меѓу нив и директорот на ПИОМ: Со меѓусебен договор ја изиграле постапката за јавен повик, на сметка на државниот буџет

Читај повеќе

Силјановска ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, велат од нејзиниот кабинет

Читај повеќе

ЕУ скандал: Европол хакиран, доверливи информации се на продажба

Читај повеќе

Паѓаат цените на нафтата, доларот зајакна

Читај повеќе