МОН: Тетово добива државен студентски дом, објектот е изграден и во моментов се опремува

Новиот студентски дом кој се гради за потребите на Универзитетот во Тетово се очекува да биде подготвен за прием на студенти идната академска година, соопшти Министерството за образование и наука.

– Градежните работи се целосно завршени, а во моментов етапно се опремуваат собите и сите останати простории кои ќе им бидат на располагање на студентите што студираат или во иднина ќе одлучат да студираат на овој државен универзитет и ќе имаат потреба од сместување, информира МОН.

Увид во активностите изврши министерот за образование и наука Јетон Шаќири заедно со заменик-министерот Агим Нухиу, ректорот на универзитетот проф. д-р Куштрим Ахмети и претседателот на универзитетскиот сенат проф. д-р Вулнет Амети.

Шаќири информираше дека се работи за крупна инвестиција која ја реализира Министерството за образование и наука и е во последна фаза на реализација. Ќе следува партерно уредување и приклучување на студентскиот дом на водоводната и електрична инфраструктура во градот.

Како што соопшти МОН, министерот изјави дека Тетово ќе добие комплетен универзитетски кампус.

– Освен објектите во кои се изведува наставно-научната дејност, со изградбата и пуштањето во употреба на студентскиот дом, државниот универзитет ќе може да понуди комплетна услуга за идните академски граѓани и очекувањата се дека ќе привлече значително зголемен број на студенти во следниот период. Тука недостигаше сместувачки капацитет и со заложба на Владата тој се гради согласно сите современи стандарди за квалитет, изјави Шаќири.

Новиот студентски дом ќе може да прими околу 300 студенти, информира МОН.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Македонија

Левица: Изборниот систем сите нè краде, скратени сме за најмалку два мандата

Read more

Обвинителството анализира докази за Палчо кои не може да бидат споделени со јавноста

Read more

Зајкова: Забрзана ЕУ-интеграција е клучот за иднината на Македонија

Read more

Палевски екстрадиран од Турција, синоќа стигна во „Шутка“

Read more
 

Вести

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Читај повеќе

Левица: Изборниот систем сите нè краде, скратени сме за најмалку два мандата

Читај повеќе

Обвинителството анализира докази за Палчо кои не може да бидат споделени со јавноста

Читај повеќе

По атентатот на Фицо: Закани до Вучиќ дека тој ќе биде следната мета

Читај повеќе

Зајкова: Забрзана ЕУ-интеграција е клучот за иднината на Македонија

Читај повеќе

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Читај повеќе

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Читај повеќе