Морисон: Асанж ќе може да се врати во Австралија кога ќе завршат сите процеси

Џулијан Асанж може да се врати дома веднаш штом ќе бидат завршени сите постапки против него, изјави денеска австралискиот премиер Скот Морисон, еден ден откако британскиот суд одби да го екстрадира основачот на Викиликс во САД.

Заклучувајќи дека поради психолошки проблеми, постои голем ризик од самоубиство на американскиот „свиркач“, британски судија вчера го отфрли барањето за екстрадиција во САД, каде Асанж би се соочил со обвиненија за шпионажа.

Министерството за правда на САД соопшти дека ќе ја обжали одлуката пред повисок суд.

– Судскиот систем има свои процедури, а ние не сме странка во постапката. На Асанж, како и на секој Австралијанец, му беше понудена конзуларна поддршка и кога ќе заврши се, тој може да се врати дома како и секој друг Австралијанец, изјави Морисон за локалното радио 2ГБ.

Во САД поднесени се 18 обвиненија против Асанж (49) за време на администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама, поради на доверлива документи со информации за воените операции на САД.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Read more

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Read more

Фицо опериран, се очекува да преживее - министрите ги обвинија новинарите за атентатот

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе