Морничавиот остров на куклите привлекува милиони луѓе: Дали би го посетиле?

Мексиканскиот остров на куклите е совршена дестинација за љубителите на хорор филмовите и морничавите легенди, а поврзан е со посебна приказна која со години привлекува милиони туристи од целиот свет.

Легендата вели дека пред неколку децении Мексиканецот Хулиан Сантана Барера пронашол девојче која се удавилало во езеро и дека поради овој настан решил да го напушти семејството и целосно да се пресели на мал остров во каналите на областа Шочимилко, каде што дотогаш работел како чувар.

Покрај телото пронашол и мала кукла, која потоа ја закачил на дрво за да му оддаде почит на починатото девојче. Во годините што следеле, собирал и закачувал сè повеќе кукли за да си ја „смири душата“ и да продолжи понатаму. Многумина веруваат дека го мачело чувството на вина дека требал и можел да го спаси несреќното девојче.

Remote video URL

Туристичките водичи велат дека Сантана бил опседнат со духот на девојчето, поради што закачувал кукли на овој остров нешто повеќе од 50 години. Ги наоѓал во канали, продавници и на буништа. Легендата вели дека често менувал храна и вредни работи за старите кукли.

Сантана не ги чистел ниту поправал, ги обесувал во иста состојба како што ги нааѓал. Некои кукли веќе изгледале морничаво, додека други се оштетиле од бројните временски непогоди. Оние играчки кои не ги обесувал, Сантана ги чувал во својата куќа и до крајот на својот живот куклите ги сметал за „убави заштитници“ на островот.

На почетокот од 2001 година Сантана беше пронајден мртов на истото место каде што го нашол девојчето неколку децении претходно. Причината за смртта е давење, кое 20 години подоцна фасцинира многу посетители на островот и дополнително ја потврдува теоријата на туристичките водичи дека островот сè уште го прогонува духот на починатото девојче.

Неговата традиција на закачување кукли ја продолжија туристите, кои ги носат своите играчки од целиот свет и ги оставаат на островот.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе