Motorola најави нов смартфон со камера од 200 MP

Motorola со тизер го најави доаѓањето на нов смартфон кој ќе има моќна камера од 200 MP.

Генералниот директор на Lenovo, кој е сопственик на Motorola, на социјалната мрежа Weibo објави тизер од претстојниот уред кој ги прикажува леќите на камерата со порака за влегување во нова ера на мобилната фотографија. Објавата не открива потенцијални спецификации, но најавува сензор од 200 MP. Тоа би можело да биде ISOCELL HP1 на Samsung, кој првично беше најавен минатата есен.

Сепак, иако огромните сензори се позитивна работа, не треба да заборавиме дека за квалитетна фотографија е потребно многу повеќе од голем број мегапиксели. Многу понови телефони на Motorola, вклучувајќи го и Edge+, имаа проблеми со фотографирање во услови на слаба осветленост, што резултираше со заматени фотографии.

И додека ISOCELL HP1 поддржува импресивна техника од 16x пиксели која му овозможува на сензорот од 200 MP да прави фотографии од 12,5 MP со подобрена чувствителност на светлина, острината и осветленоста на фотографијата сè уште зависат од обработката на Motorola.

Гласините велат дека претстојниот смартфон ќе се вика Frontier и се очекува да има три задни камери, процесор Snapdragon 8+ Gen 1 на Qualcomm, 6,67-инчен OLED екран со стапка на освежување од 144 Hz и ќе поддржува брзо полнење од 125 W.

Motorola го најави доаѓањето на уште еден смартфон со Snapdragon 8+ Gen 1 процесор, а веројатно тоа е долгоочекуваниот телефон на преклопување Razr 3.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Мобилни

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Read more

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе