Годинешните Филмски и ТВ награди на MTV беа одложени на неопределено време поради пандемијата на новиот коронавирус, соопшти Contact Music.
Додека некои церемонии се спроведуваат виртуелно, организаторите од MTV не сакаат да го следат тој пример. Има гласини, сепак, дека доделувањето би можело да се одржи во декември, и така да остане засекогаш.
Настанот требаше да се одржи на 15 јуни во Лос Анџелес, со Закари Ливај како домаќин на свеченоста, а на 17 јуни да се емитува снимка на MTV каналите. Ова ќе биде првпат шоуто да не се одржи, откако постои, од 1992 година.
Видео-музичките награди, од друга страна, сѐ уште не се откажани. Тие би требало да се одржат на 30 август во Барклејс центарот во Њујорк, поточно Бруклин.