ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2022

Мурињо тргна по Белоти за убиствен напад

Жозе Мурињо синоќа остварил разговор со Андреа Белоти за да го убеди поранешниот голгетер на Торино да се пресели во Рим.

Андреа Белоти иако уште во јуни си замина од Торино сѐ уште не нашол нов клуб. Репрезентативецот на Италија мина 7 сезони во дресот на Торино, беше и капитен, но тимот не само што не освои ниту еден трофеј, туку и никогаш не беше ни во конкуренција за такво остварување, што беше главната причина за заминувањето на Ломбардиецот.

Медиумите во Италија известуваат дека Жозе Мурињо синоќа стапил во контакт со Белоти во обид да го убеди да дојде кај него во Рома, со што нападот на „Волчицата“ би добил екстра засилување. Белоти на маса има понуди од Галатасарај и Ница, но и двата клуба не се на компетитивно ниво на кое тој смета дека е дојдено време за да игра. Белоти во декември ќе наполни 29 години, а на клупско ниво освен пехарот со Палермо за освојување на Серија Би во сезоната 2013/13, нема друго ништо. Но, со Италија има златен медал од ЕУРО 2020.

Доколку Мурињо успее да го донесе Белоти, тогаш нападот на Рома ќе биде убиствен бидејќи таму се и Теми Ејбрахам, Пауло Дибала, Николо Ѕаниоло и Стефан Ел Шаарауи. Доаѓањето на Белоти воедно ќе значи заминување на Џастин Клајверт, кој секако цело време го праќаат по позајмици, и многу веројатно праќање на позајмица на младиот Феликс Афена-Џан, кој е вишок во тимот особено ако Узбекистанецот Елдор Шомуродов не ја напушти Рома. Мурињо не смета на него, но репрезентативниот напаѓач на Узбекистан досега ги одби сите понуди за заминување.

Освен Торино и Палермо, Белоти има играно и за АлбиноЛефе, каде и ја почна сениорската кариера. Потекнува од Калчинате, мало гратче близу Бергамо во Ломбардија. За Италија има 44 натпревари и 12 гола, а првиот гол го постигна во Скопје во октомври 2016 година кога во квалификациите за Мундијалот 2018 Италија славеше против Македонија со 3:2 во еден крајно интересен натпревар.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Фудбал

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Read more
 

Спорт

  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе