Мусо: Во Аталанта дојдов за да не играм против нив, ми ја полнеа мрежата

Ако не можеш да ги победиш, придружи им се - токму од тоа мото голманот Хуан Мусо се инспирирал за да го облече дресот на Аталанта.

Аргентинскиот голман летоска стана едно од најскапите засилувања на клубот од Бергамо откако за 20 милиони евра беше доведен од редовите на Удинезе.

Во Удине мина три сезони и со своите одбрани се наметна како еден од најдобрите голмани во Серија А, а стана и репрезентативец на својата Аргентина.

Но, секогаш кога Удинезе играше против Аталанта, мрежата на Мусо се полнеше. На шесте натпревари во трете сезони прими вкупно 19 голови вклучувајќи и пораз од 7:1.

„Трансфер пазарот беше во депресија поради пандемијата, а Аталанта секако не се научени да трошат многу, така да чувствувам голема одговорност. Со тие пари Аталанта можеше да го купи било кој, но ме одбраа мене“, рече Мусо во интервју за аргентинскиот дневен весник La Nación.

„Секој пат кога игравме против нив ни даваа куп голови. Аталанта беа тимот од кој најмногу се плашев. Еднаш ни дадоа 7, друг пат 4, па 3...“, открива тој.

„Мислам дека само Луис Муриел ми даде 8 гола на 5 натпревари. Кога слушнав дека се интересираат за мене, му реков на агентот будно да ја следи ситуацијата“.

Аталанта го донесе Мусо како замена за Пјерлуиџи Голини кој замина во Тотенхем.

„Луѓето можеби не ја гледаат Аталанта како голем клуб, но според мене тие играта како таков. Не му се плашиме никому“, смета Мусо.

За Аргентина засега има само 2 настапа, но е еден од двајцата резервни голмани. Беше дел и од освојувањето на Копа Америка летоска, иако не настапи на ниту еден натпревар. Последниот настап му е минатиот месец во победата од 3:0 над Боливија во мундијалските квалификации. Деновиве повторно е со репрезентацијата за новите натпревари.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе