Музичарите бараат итна ревизија на протоколите што се однесуваат на музичките работници

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Здружението за унапредување на правата на музичарите „Музика сега“, кои го информираа шефот на државата за предизвиците и тешкотиите со коишто се соочуваат музичарите поради пандемијата на COVID-19.

Како што соопшти кабинетот на Пендаровски, на средбата тие ја нагласиле потреба од итна ревизија на сите протоколи што се однесуваат на музичарите и на музичките работници.

– Претставниците од ова здружение рекоа дека бараат средби со Комисијата за заразни болести на кои би се разгледувале тековните состојби и актуелни проблеми со кои се соочуваат членовите на ова здружение, но и другите здруженија од сродните области. Тие најавија дека ќе поднесат и предлог до Владата и до Министерството за култура за организирање музички настани на територијата на целата држава со општински пари, а со цел децентрализација на културата, како и барање за поголема и поправична застапеност на македонските музичари во медиумите. Како итно барање, претставниците од Здружението ја истакнаа потребата од помош на семејствата каде двајцата сопружници работат во музичката област, се наведува во соопштението.

Претседателот Пендаровски посочил дека само преку одговорен пристап, исклучиво во согласност со актуелната состојба која подразбира стриктно почитување на здравствените протоколи, да се бараат и изнаоѓаат решенија за работата на засегнатите музичари и музички работници.

Здружението за унапредување на правата на музичарите „Музика сега“ кое функционира од месец јули 2020 година и брои околу 2000 членови и приврзаници е формирано за исполнување на долгорочни планови, идеи и програми кои би придонеле кон целокупно подигање на културната и музичката сцена во Република Северна Македонија. 

реклама

Македонија

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Комисија за заштита од дискриминација: 100% повеќе претставки, а буџетот ограничен

Read more

Сајкоски: До 28 мај очекуваме да се формира Собранието, а до средина на јуни нова влада

Read more

Иљази им забрани на докторите од Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Read more
 

Вести

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Читај повеќе

Палевски спроведен во Кривичниот суд: Негира вина

Читај повеќе

Мајска сесија – Дојди да се преслушаме: На УКИМ голем концерт по повод Денот на Европа

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Фотографии сведочат за хаосот во сингапурскиот авион

Читај повеќе

Врани напаѓаат луѓе во Србија

Читај повеќе

Санкциите против Русија најмногу се заобиколуваат преку Кина, ОАЕ и Турција

Читај повеќе

Силни турбуленции на летот Лондон-Сингапур: Еден загинат, над 30 повредени

Читај повеќе

ЕУ го одобри првиот закон во светот за вештачка интелигенција

Читај повеќе

Комисија за заштита од дискриминација: 100% повеќе претставки, а буџетот ограничен

Читај повеќе