Музичарите побараа укинување на забраната за настапи во угостителски објекти

Музичарите денеска излегоа пред Владата и побараа по 15 месеци да може да почнат со работа сите музичари и укинување на забраната за настапи во угостителски објекти.

Петар Младеновски од Управниот одбор на Здружението на музичари „Музика сега“, познат како Пеце од „Суперхикс“, изјави дека треба да се дозволи работа на сите оние што настапуваат, не само на свадби, туку и на сите што настапуваат во угостителски објекти бидејќи, како што рече, протоколи веќе постојат.

– Забраната за настапување на вакви места е на сила и нема никаква логика. Треба да биде час поскоро укината, смета Младеновски.

Од Здружението прашуваат кои се лиценцираните музичари кои ќе можат да настапуваат на свадбените прослави.

– И тоа најмногу нѐ збунува бидејќи лиценцирани музичари во оваа држава не постојат. Ниту има Комора која би ги застапувала и би ги издавала лиценците, ниту здружение кое тоа го прави и бараме одговор на ова прашање, на ова нејаснотија, изјави Младеновски. Додаде дека уште минатото лето имаат доставено протоколи до Владата и до сите релевантни фактори за настапи во локали.

Младеновски додаде дека преку Здружението праќале соопштенија, давале изјави, имале средби, разговори, преговори и додаде оти имаат доставено барања и протоколи за сигурност при работа на музичарите. Според него, досега мал дел од нивните барања се ислушани и уважени и очекуваат во најскоро време да им биде дозволено да работат.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе