Вредна околу 300.000 евра

МВР: Пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога од Албанија

Околу 86 килограми марихуана во вредност од околу 300.000 евра и едно уапсено лице е епилогот од вчерашната акција за сузбивање на недозволена трговија со дрога на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и СВР Битола – ОВР Прилеп.

Во акцијата, како што соопшти МВР, пресечен е меѓународен канал за транспорт на дрога од Албанија, преку нашата земја, со крајна цел – Република Грција.

– Во утринските часови на регионалниот пат Битола-Прилеп, на влезот во Прилеп, од страна на полициски службеници од сообраќајна полиција била дадена наредба за запирање на патничко возило „ауди А4“ со охридски регистарски ознаки, но возилото не сопрело, туку забрзало, оштетувајќи  две службени возила на МВР и загрозувајќи ја безбедноста на полициските службеници кои извршувале службени дејства, велат од МВР.

Набргу, на излезот од Прилеп возилото било пронајдено, додаваат од министерство, додека лицето А.Г.(23) од Охрид, кој го управувал возилото, бил лишен од слобода во моментот додека од возилото исфрлал четири торби покрај патот.

– Од извршениот увид, во присуство на Јавен обвинител од ОЈО Прилеп, во торбите покрај возилото биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, кои се подигнати и предадени на вештачење. Воедно, при претрес извршен со судска наредба во домот на А.Г. во Охрид, биле пронајдени 17 куршуми со различен калибар, изјави портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска.

Од страна на ОВР Прилеп во текот на денешниот ден против А.Г. ќе биде поднесена кривична пријава за сторени кривични дела по чл.215 за „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, по чл.383 за „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и по чл.396 за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, сите според Кривичниот законик. 

Remote video URL
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Хроника

Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Read more

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Read more
 

Вести

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Читај повеќе

Втор свиркач на Boeing почина во период од два месеца

Читај повеќе

Пет скелети најдени под нацистичкиот бункер Волчјо дувло

Читај повеќе

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Читај повеќе

Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај

Читај повеќе