На Инфективна во Скопје почина 41-годишен поранешен началник на СВР Велес

Игор Ангеловски,  поранешен началник на СВР Велес починал синоќа на Инфективната клиника во Скопје  како последица на COVID-19. Веста за МИА ја потврдија од СВР Велес. Тој во Инфективната клиника во Скопје неколку  дена бил приклучен  на респираторна машина.

Игор Ангеловски се лекувал во велешката  Општа  болница на Инфективното одделение  од 7 до 14 октомври кога поради пад на сатурација итно бил префрлен на Инфективна во Скопје, информира за МИА д-р Весна Неделковска Николова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.

-Последните два дена беше на кислородна поддршка и два дена имаше пад на сатурацијата, која не сакаше да се покачи. Поради тоа одлучивме на 14 октомври итно да го пренесеме на понатамошно лекување на Инфективната клиника во Скопје, појасни д-р Неделковска Николова,

Инаку, 41-годишниот магистер по дефендологија  Игор Ангеловски беше началник на СВР Велес од 10 јануари до 27 јули годинава по предлог на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

Тој претходно работел во Единицата за специјални задачи на МВР „Тигри“, бил инструктор во Центарот за обука во Идризово и самостоен инспектор за ким техника во СВР Велес, а бил и инспектор во обезбедување на ВИП личности и објекти.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Хроника

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Read more

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Read more

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе