На почетокот биле сиви: Зошто модерните мачки имаат разнобојни очи?

Следејќи ја нивната еволуција, научниците дојдоа до основната боја која влијаела на разнобојноста на очите на мачките.

Секој што добро ги познава домашните мачки знае дека тие се сосема различни кога станува збор за една од нивните карактеристики: бојата на очите. Обдарени со неверојатни бои и длабочина, тие претставуваат дел од шармот на домашните миленици кои толку многу нѐ чудат и истовремено пријатно нѐ изненадуваат.

Во потрага по одговори на прашањето како се создадени тие неверојатни очи, научниците решиле да ја следат еволуцијата на нивната боја и попат откриле нешто многу важно.

Од сиви до разнобојни

Џулиус Табин, докторант на Универзитетот „Харвард“, е експертот зад ова откритие, заедно со неговиот тим. Тој идентификувал различни бои на очи кај живите мачки и користел компјутерски модел за да ја предвиди нивната еволуција во семејното стебло на мачките, според Live Science.

Она што го открил со овој метод е дека предокот на сите мачки мора да имал една од двете сорти на очи: кафеави или сиви. Вториот е всушност оној кој можел да овозможи појава на различни бои на очите кај модерните мачки.

Според студијата, присуството на два пигмента - еумеланин и феомеланин - е она што ја одредува бојата на очите на мачката. Денес е познато дека сината и зелената боја имаат ниско ниво од двата, додека кафените имаат повеќе еумеланин. Сепак, и покрај овие откритија, прашањето што го поттикнало појавувањето на различни бои сè уште останува отворено, иако бојата што довела до хроматската разновидност е дефинирана.

Авторите на студијата известуваат дека не нашле значителна корелација помеѓу бојата на очите и другите физички карактеристики, однесување или живеалиште, што би ја објаснило различноста. Во отсуство на нив, хипотезата на научниците е дека феноменот најверојатно е поврзан со изборот на партнер.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе