Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги заглавен во институциите

На почетокот на ноември ни се заканува медиумски мрак

И покрај сите напори на операторите да се реши проблемот со спорниот закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги решение сѐ уште нема. На 8 ноември истекува рокот за пререгистрација на каналите предвиден со Уредбата за измена на Законот донесена во време на вонредна состојба.

По истекот на рокот, операторите ќе бидат принудени да ги исклучат телевизиските канали, освен јавниот програмски сервис МТВ што ќе значи информативен мрак и ненадоместливи последици за граѓаните, слободата на медиумите и слободниот пристап до информации, индустријата за електронски комуникации, но и за државата.

И покрај конфузијата која произлезе од донесувањето на овој закон, решение постои, но е заглавено во институиите. Операторите поднесоа Иницијатива до Уставниот суд во февруари годинава за оценување на уставноста на овие одредби од Законот, за што Уставниот суд сѐ уште нема донесено одлука. Постои и друга солуција, односно бришење на спорните членови од Законот.

„Едната солуција е законското решение да биде изменето, односно да биде избришан членот 143, став 3 и 4. Или втората варијанта е да се прифати нашата иницијатива, која е на разгледување пред Уставен суд. Во спротивно ние по сила на Закон, кој што е стапен во сила и правилниците што ги има донесено Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги не сме во можност да ги пререгистрираме странските канали со оние фамозни изјави кои што треба да ги дадат одговорните лица на странските радиодифузери, но и одговорните лица на операторите кои вршат реемитување, што е нон сенс, спротивно на европската пракса“. - Благој Христов, Здружението на ИКТ при Стопанската комора на Македонија каде членуваат сите оператори.

Спорните членови во Законот за медиуми, донесени на почетокот на годинава им наметуваат на операторите обврска да гарантираат за авторските права на странските радиодифузери кои само ги реемитуваат и за тоа да сносат кривична и материјална одговорност. Тоа значи дека на операторите им се наметнува одговорност за туѓи дејствија, што е правно целосно неиздржано, спротивно на Уставот и не постои во ниту една држава во рамките на Европската Унија.

Доколку наскоро власта и институциите не го решат проблемот, граѓаните ќе останат без телевизиска понуда и информации, што е особено загрижувачки во време на ковид криза, кога информациите голем дел од граѓаните ги црпат токму преку телевизиските вести и другите програми.

реклама

Македонија

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Read more

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Read more

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Read more

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more
 

Вести

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе