На полноќ истекува рокот за собирање потписи за независни кандидатури на локалните избори

На полноќ завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за градоначалници и советници за локалните избори закажани на 17 октомври. За овие избори има голем интерес за собирање потписи за независни кандидатури за неколку општини, а меѓу нив и за главниот град Скопје.

Досега се собрани потписи за 18 независни кандидати за градоначалници, а за уште 15 кандидати продолжува процедурата. Во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК потребните потписите ги собрале и 38 независни групи избирачи за советнички листи, а за 26 се во тек.

Подрачните одделенија и канцеларии на ДИК ќе работат денеска до 24 часот, кога истекува законскиот рок за собирање потписи.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера пред седиштето на партијата изјави дека Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донеле едногласна одлука да ја поддржат независната кандидатура на актуелната претседателка на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска за градоначалник на Град Скопје.

– Цврсто сум убеден дека го имаме идниот градоначалник на Скопје, нагласи Мицкоски, при тоа изрази убедување дека Арсовска, која е независен кандидат, ќе победи на претстојните локални избори. Најави дека донеле одлука за уште 10 други градоначалници, кои ќе ги соопштат денеска на прес-конференција.

Разноликоста на листите е потврда за слободата и демократијата, изјави премиерот Зоран Заев. Според него, СДСМ има одлична соработка со ДУИ, БЕСА и со ДПА, а коалицијата е стабилна и единствена.

– Верувам во голема победа на нашата коалиција зашто е стабилна и единствена. Имаме одлична соработка со ДУИ, како што имаме и со БЕСА и со ДПА. Поддршката заемно ќе си ја довериме и дадеме, веруваме дека така многу подобро ќе им служиме на граѓаните пред се, зашто сме и централна власт, а заеднишвото пресликано на локално ниво ќе биде капацитет повеќе за полесно да се справиме со предизвиците и да имплементираме колку што може повече проекти во иднина, истакна Заев, по означувањето на почетокот на изградбата на 400-киловолтниот интерконективен далекувод Битола-Елбасан.

Во тек е и јавниот увид во Избирачкиот список, што завршува на 9 септември.

Заклучно со 28 август 2021 година, како што соопшти Државната изборна комисија, вкупно 7909 лица се провериле во Избирачкиот список

Од ДИК велат дека се поднесени вкупно 17 барања за запишување во Избирачкиот список, 12 барања за бришење на податоците од Избирачкиот список и осум барања за измена на податоците во Избирачкиот список.

Исто така, Државната изборна комисија информира дека на нивната и-меил адреса upisis@sec.mk се поднесени вкупно 23 барања.

Кандидатурите за градоначалници и за советници до Општинските изборни комисии се поднесуваат до 11 септември.

Ова ќе бидат први избори на којшто во земјата ќе се применат терминали за вчитување на отисоци од прсти. Првите 200 терминали се очекува во ДИК да бидат во текот на оваа недела по што ќе почне и едукацијата за нивна примена на изборите. Локалните избори ќе се одржат со мерки за заштита од COVID-19.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Read more

Променливо облачно, попладне дожд

Read more

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more
 

Вести

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе