На рестораните во Шпанија им е дозволено да наплаќаат одделно за место под сенка

Макфакс
/ 01.04.2024 / 14:46

Властите во шпанскиот автономен регион Андалузија донесоа одлука дека рестораните имаат законско право да наплаќаат дополнително за маси на сонце или под сенка под услов клиентите да бидат соодветно информирани за повисоките цени пред да нарачаат.

Известувањата за повисоки цени може да се даваат преку менито, ценовникот или да се соопштат на некој друг начин, пишува The Olive Press.

Воедно, се појаснува дека нема да има посебна такса за маса со одреден поглед или локација на менито, туку на рестораните ќе им биде дозволено да наплатуваат дополнителен надомест за секое јадење што се служи во одредени делови од објектот доколку тоа е јасно наведено во ценовникот, пренесува Танјуг.

Портпаролот на Здружението на потрошувачите, Рубен Санчес, изјави дека рестораните не може да наплаќаат 10 евра повеќе за маса на тераса.

„Сепак, на рестораните и баровите им е дозволено да наплаќаат повеќе за секое јадење што се служи на терасата сè додека тоа е јасно наведено во ценовникот“, рече Санчес додавајќи дека рестораните не може да наплаќаат такса за резервација на маса, а ако наплаќаат, износот мора да се отстрани од конечната сметка.

Санчес исто така рече дека од гостите не треба да се бара да купуваат пакувана вода бидејќи вода од чешма мора да има на располагање.

За бакшишот, Санчес изјави дека одлуката дали да се остави бакшиш е на гостинот, што значи дека задолжителната дополнителна такса за услугата е незаконска.

Претходно, властите на градот Севиља, главниот град на Андалузија, најавија планови за ограничување на влезот на туристи на централниот градски плоштад „Пласа де Еспања“.

Жителите на градот и покраината, како и досега, ќе може да влезат таму без ограничувања, но туристите ќе може да влезат на главниот градски плоштад само со плаќање.

Тагови
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Свет

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Read more

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Read more

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Read more

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more
 

Вести

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Читај повеќе

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Читај повеќе

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе