На Василица почестете се со мед во чест на Свети Василиј

Денеска е Свети Василиј Велики архиепископ кесариски. Постојат многу обичаи, но и суеверија за тоа што не треба да се прави на овој ден.

На први јануари по стариот календар, а на 14-ти според новиот се слави Василица и Стара нова година.

Свети Василиј бил роден во времето на царот Константин I Велики (306-337 година), во 330 година во Неокесарија во Понт, од родители Василиј и мајка Света Емелија, кои двајцата потекнувале од познати и богати фамилии, но уште позначајни по својата христијанска вера и живот. Василиевата баба по татко, Света Макрина била ученичка на Свети Григориј Чудотворец, епископ во Неокесарија, која едвај го преживеала максимилијановотото прогонување на христијаните. Како некрстен човек, студирал филозофија, реторика и астрономија 15 години во Атина.

Бил крстен на реката Јордан заедно со неговиот поранешен учител Евул. Бил епископ на Кесарија Кападокиска речиси 10 години, а својот земен живот го завршил на 50-годишна возраст.

Важел за голем поддржувач на православието, морално чист и крајно ревносен, богословен ум, основоположник и столб на светата црква.

Во црковната служба го нарекуваат „пчела на црквата Христова“, која носи мед меѓу верниците и со осилото ги боде еретиците. Затоа, на овој ден треба да земете една лажичка мед.

Василевден Србите го празнуваат како празник на крштевката и како Мал Божик, а Македонците и Русите како именден. Кога 1 јануари бил земен како календарски почеток на новата година, тогаш Василица почнала да се слави како Стара нова година.

Многу обичаи се поврзани со овој ден, а постојат и суеверија за тоа што не треба да се прави на овој ден.

Кај нас на овој ден се прави домашна погача во која домаќинките ставаат паричка, се пејат василичарски песни во кои треба да биде опфатен тропарот на свети Василиј Велики, а некаде се практикува и палење на оган кој треба да ја симболизира светлината Божја во новата година.

Во Војводина постоел обичај, кој на некои места останал и до денес, да се пали оган на раскрсници, што покрај чистењето има и улога на зајакнување на сончевата светлина и топлината.

На 14 јануари во Србија повторно се внесува бадниково гранче, повторно доаѓа Положеник, а на трпезата е божикно печено месо кое се чува до тој ден, пишува РТС.

На многу места се палат бадниковите гранчиња, некаде се замесува посебен обреден леб - василица, во спомен на Свети Василиј Велики. Некои тоа го прават вечерта пред Василица.

Новата година треба да се дочека буден, па на ова бдение многу девојки си гатаат дали и кога ќе се венчаат таа година. Меѓу овие гатања, особено е интересно гатањето на девојките во Босна - пред зори се качуваат на таван и ги фрлаат чевлите низ врата, па ако чевлите, кога паѓаат, се насочени подалеку од домот - тоа е знак дека ќе се венчаат.

Денеска треба да избегнувате кавги за да не се карате цела година.

реклама

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Живот

5 знаци дека сте во токсична врска со себе

Read more

Како да ги избришете гребнатините на паркетот?

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Вечна дилема: Колку студот влијае на вкусот на пивото?

Read more
 

Магазин

5 знаци дека сте во токсична врска со себе

Читај повеќе

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 20 мегапроекти што ќе бидат завршени во 2024 година

Читај повеќе

Како да ги избришете гребнатините на паркетот?

Читај повеќе

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Читај повеќе

Зависноста од шеќер е реален проблем: Кои се симптомите и како да ја надминете?

Читај повеќе
  • play_arrow

7 најлегендарни изгубени градови

Читај повеќе

Вечна дилема: Колку студот влијае на вкусот на пивото?

Читај повеќе