На Волстрит индексите речиси непроменети

На Волстрит, берзанските индекси останаа главно непроменети, бидејќи инвеститорите останаа внимателни по различните пораки од шефот на американската централна банка и податоците за силниот раст на американската економија.

Dow Jones зајакна 0,04 отсто, на 35.430 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,09 отсто, на 4.550 поени, а индексот Nasdaq 0,16 отсто, на 14.258 поени.

Од почетокот на ноември, Dow Jones порасна за околу 7 отсто, S&P 500 за околу 8,5 отсто, а Nasdaq индексот за 11 отсто. Ова ги надомести сите загуби од летото.

Ова е благодарение на слабеењето на инфлацијата во САД, поради што инвеститорите се убедени дека американската централна банка го завршила циклусот на зголемување на каматните стапки.

Сепак, тоа ќе зависи од натамошните движења во економијата, главно од инфлацијата.

Проценка: БДП на САД порасна повеќе од очекуваното

Втората проценка на американскиот бруто домашен производ (БДП) беше објавена вчера, покажувајќи дека економијата пораснала на годишно ниво од 5,2 отсто во третиот квартал, повеќе од очекуваното.

Ова е добра вест бидејќи покажува дека најголемата светска економија ќе ја избегне рецесијата и покрај наглото зголемување на каматните стапки од почетокот на минатата година.

Сепак, таков силен раст значи и дека инфлацијата би можела да остане на покачени нивоа.

Во последните денови инвеститорите внимателно ги следат пораките на првиот човек на ФЕД, од кои може да се заклучи дека централната банка најверојатно го завршила циклусот на зголемување на каматите.

Сепак, во зависност од движењата на инфлацијата, каматните стапки би можеле да останат на покачени нивоа подолг период од очекуваното.

Пооптимистичките аналитичари проценуваат дека ФЕД би можел да започне со намалување на каматните стапки веќе во март, додека пореалните тоа го очекуваат кон средината на следната година.

Освен шпекулациите за каматните стапки, во наредните денови најмногу ќе се следат вестите за потрошувачката на почетокот на празничната „шопинг“ сезона. Според проценките, потрошувачката би можела да се зголеми за околу 5 отсто на годишно ниво за време на празничната сезона во декември.

И на повеќето европски берзи цените на акциите вчера пораснаа. Франкфуртскиот DAX индекс зајакна за 1,09 отсто, на 16.166 поени, а париски CAC зајакна за 0,24 отсто, на 7.267 поени. Лондонски FTSE ослабе, пак, за 0,43 отсто, на 7.423 поени.

Тагови
реклама

Што е сексомнија?

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Бизнис

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе