Над 100 милиони луѓе гледаат Netflix преку позајмена лозинка

Наскоро се ближи крај на делењето лозинки на Netflix, што ќе биде предизвик и за гледачите и за стриминг платформата.

Компанијата со години го одложуваше овој момент. Сепак, од Netflix истакнаа дека делењето лозинки е главен проблем што ги „јаде“ претплатите во 2019 година, но компанијата беше загрижена како ќе го реши тоа без отуѓување на корисниците.

Потоа се случи ковид пандемијата со што настана нов бран претплатници, а напорите за тоа исчезнаа, пишува The Wall Street Journal.

Netflix не го следеше планот за сузбивањето на оваа пракса сè до оваа година, бидејќи се намали бројот на претплатници.

„Над 100 милиони гледачи на Netflix сега гледаат користејќи лозинки кои ги позајмуваат од членови на семејството или од пријателите“, велат од Netflix.

Изгледа конечно решиле да стават крај на тоа и од 2023 година ќе бараат плаќање и од луѓето кои делат лозинки. Компанијата очекува да почне со примена во САД од почетокот на годината.

„Мислам дека овој потег нема веднаш да им се допадне на потрошувачите“, изјави Тед Сарандос, директор на Netflix.

Ова е голем пресврт за компанијата која еднаш твитна „Љубовта е делење лозинки“.

Тагови
реклама

Филм & ТВ

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more
 

Сцена

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе