УЕФА ЕУРО 2020

Над 10.000 македонски навивачи аплицирале за влезници за ЕУРО 2020

Скопје, 28 мај 2021 (МИА) – Вкупно 10.395 барања за купување влезници за натпреварите на македонската репрезентација од групната фаза за ЕУРО 2020 пристигнале на адреса на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), но поради лимитираната квота добиена од УЕФА, како и одлуката приоритет да имаат здравствените работници, најголем дел од нив ќе останат без билети.

ФФМ денеска соопшти дека помалку од десет проценти од лицата, кои аплицирале до Федерацијата по електронски пат, ќе добијат билети за Европското првенство.

– Согласно одлуката на Управниот одбор на ФФМ, приоритет за купување влезници да добијат здравствените работници, „Куќата на фудбалот“ информира дека од вкупниот број билети со кои располагаше Фудбалската федерација на Македонија, приоритет беше даден и најголем процент за купување на билети добија здравствените работници и навивачите на македонската репрезентација. ФФМ преку одделот за безбедност и интегритет оствари блиска комуникација со сите навивачки групи во државата кои изразија интерес да ја бодрат репрезентацијата на ЕП и согласно нивните барања и бројот на билети кој можеше да биде ставен на располагање, ФФМ обезбеди можност 200 навивачи организирано да патуваат во Романија, се наведува во соопштението.

За време на патувањето, престојот и присуството на натпреварите во Букурешт, навивачите ќе бидат придружувани исклучиво од лица од одделот за безбедност и интегритет на ФФМ, Комисијата за безбедност при ФФМ и делегирани претставници од Министерството за внатрешни работи на Македонија.

Во соопштението на ФФМ, притоа, се истакнува дека Федерацијата „нема остварено контакт, ниту дадено каква било одговорност кон други лица кои се посочуваат во јавноста во врска со каква било организација на навивачите за натпреварите од ЕП“.

Тагови
реклама

Фудбал

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Read more

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Read more

Тони Крос објави крај на кариерата

Read more

Захов: Кога дојдов во Воска газдата ми рече да им го донесам куп пехарот

Read more
 

Спорт

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Читај повеќе

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Читај повеќе

Тони Крос објави крај на кариерата

Читај повеќе

Захов: Кога дојдов во Воска газдата ми рече да им го донесам куп пехарот

Читај повеќе

Вареловски: Не можете да замислите што ќе биде во Кавадарци ако се вратиме со пехарот

Читај повеќе

Иван Чупиќ ја заврши кариерата

Читај повеќе

Контроверзниот Кирјос сака да се проба во бокс, веќе има список со противници

Читај повеќе

Мбапе се прости од ПСЖ, на вечерата дојде и Макрон

Читај повеќе

Како Лука Модриќ го скрши калапот во фудбалскиот бизнис?

Читај повеќе