Најавата за новата сезона на хит серијата „You“ прегледана 1,3 милиони пати во два дена

Популарната серија на Netflix „You“ добива трета сезона што ќе се емитува на 15 октомври.

Во најавата објавена од Netflix, се слуша монолог на главниот лик Џо, кој го игра Пен Беџли (Gossip Girl). Неговите зборови, упатени до неговиот син, се придружени од сцени во кои се прави торта.

Имено, на крајот од минатата сезона, гледачите дознаа дека Лав Квин, која ја игра Викторија Педрети, е бремена, а таткото на бебето е Џо. Во најавата за новата сезона, Џо му кажува на својот син колку му било тешко да одлучи какво име ќе му даде. Џо сакал да му даде име што е силно, не влева страв и е тесно поврзано со книгите. Тој конечно одлучи да му го даде името Хенри.

„Момчето не е она што го очекувавме и би лажел ако кажам дека мислата за мини јас ми е возбудлива и не ми претставува предизвик. Да речеме, се надевам дека ќе го правиш она што ти велам, не она што го правам, но заради тебе би можел да се сменам. Ќе бидам човек на кој ќе можеш да се огледаш, човек кој со гордост ќе го викаш тато“, вели Џо во најавата.

Најавата беше прегледана повеќе од 1,3 милиони пати за два дена. Во резимето за новата сезона, пишува дека парот се сели во Северна Калифорнија каде се опкружени со технолошки претприемачи, осудувајќи ги блогерите и биохакерите кои се славни на Instagram.

Многу детали за новата сезона не се познати, но се знае дека ќе има нови ликови. Веќе по првата сезона од 2018 година, оваа серија беше огромен успех. Напишанa е врз основа на книгите на Каролин Кепнес.

Remote video URL
Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Филм & ТВ

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Read more
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more
 

Сцена

  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе