Најчести грешки кои ги правиме при нанесувањето крема за сончање

Многумина веќе ги искористија идеалните летни температури за капење и сончање. Сепак, за сите оние за кои сенката не е избор и кои сакаат да уживаат во сонцето, важно е да ја заштитат кожата од штетните УВ зраци. Еве неколку вообичаени грешки што ги правиме кога нанесуваме крема за сончање.

Заштитата од сонце не само што го намалува ризикот од рак на кожа и изгореници, туку го намалува и ефектот на сонцето врз стареењето.

Д-р Стефани Оои, општ лекар во клиниката „MyHealthcare“ во Лондон, тврди дека повеќето луѓе не се свесни за соодветните мерки на претпазливост што треба да се преземат за да се заштити нивната кожа од оштетување од сонцето.

Ова вклучува недоволно нанесување крема за сончање, како и некористење заштитен фактор 50.

Еве уште неколку:

Нанесување на крема предоцна

Многумина од нас чекаат да отидат на плажа или да посегнат по лежалка пред да нанесат крема за сончање. Д-р Оои предупредува дека тогаш веќе е предоцна.

„Кремата за сончање треба да се нанесува најмалку 30 минути пред излегување. Згора на сѐ, поради пливањето, но и потењето, кремата треба да се нанесува на секои два часа“, објаснува таа.

Крема за сончање со истечен рок

Многумина веројатно ќе посегнат по залихата на крема што останала од минатата година, но она што малкумина го знаат е дека повеќето производи за сончање имаат рок на траење од 12 месеци.

Користењето застарена крема за сончање е помалку ефикасно во заштитата на вашата кожа од штетните УВ зраци, а последиците може да бидат фатални.

Експертите од болницата „Крал Едвард VII“ во Лондон откриле дека многу луѓе користат лосиони постари и од 10 години.

„Можете да го проверите рокот гледајќи го задниот дел од пакувањето. Понекогаш има симбол со број кој одговара на бројот на месеци кога кремата може да се отвори пред да стане неупотреблива“, објаснува таа.

Фактор помал од 50

Д-р Оои советува секогаш да користите крема со заштитен фактор 50.

„Изберете го највисокиот можен заштитен фактор за да си ја дадете најдобрата заштита. Некои луѓе избираат понизок заштитен фактор затоа што мислат дека тоа ќе го зголеми нивото на витаминот Д што го добиваме, но студиите покажаа дека на нивоата на витамин Д не влијае кремата за сончање со повисок заштитен фактор“, вели таа.

Телото произведува витамин Д од сончевата светлина на кожата – што помага да се одржат здрави коските и мускулите, а д-р Оои советува дека секогаш можете да земате дневен додаток од овој витамин.

Мислите дека сте ставиле доволно крема

Постојаното нанесување крема е клучно за заштита на вашата кожа од сонцето.

„Повеќето од нас не ставаат доволно крема за сончање. За правилно да го заштитите лицето треба да нанесете крема за сончање на два прста, додека на телото му треба дури и цела чаша. Ако користите шише со спреј, треба да го испрскате неколку пати или да ја испрскате секоја област за да обезбедите соодветна заштита“, предупреди таа.

Д-р Оои рече дека нема посебни правила за децата: „Кремата треба да се нанесува обилно на телото - повеќе е повеќе“, а исто така истакна дека бебињата помали од 6 месеци треба целосно да се чуваат на сенка

Кремата не е блокатор

Кремата за сончање делува како филтер, а не како блокатор - што значи дека вашата кожа сè уште може да се оштети.

Најдобра заштита е да се држите подалеку од сонцето, особено во часовите кога е најсилно, а тоа е помеѓу 11 и 15 часот.

„Не секогаш е можно да се држите подалеку од сонце, затоа не заборавајте да барате сенка, да носите шапка со широк обод и да се покриете со широка облека што дише. Запомнете, не постои здрав тен“, истакна таа.

Поцрнувањето е она што го прави вашата кожа за да ги заштити вашите клетки од штетните зраци, создавајќи пигмент како блокатор.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Здравје

Осум симптоми дека на телото му недостасува железо: Не ги игнорирајте!

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more
 

Магазин

  • filter

Мет Гала 2024: Кој ја погоди, а кој ја промаши темата?

Читај повеќе

Шпанците се најдолговечна нација во ЕУ

Читај повеќе

Осум симптоми дека на телото му недостасува железо: Не ги игнорирајте!

Читај повеќе

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе