Најчести причини за сообраќајни незгоди во кои страдаат младите возачи

Според податоците на СЗО, годишно во светот околу 400.000 млади лица го губат животот во сообраќајни незгоди. Тоа значи дека 1.100  млади лица на возраст до 25 години секој ден го губат животот во сообраќајни незгоди ширум светот. 

Сообраќајните незгоди се водечка причина за смртност на лицата на возраст од 15 до 19 години а втора  причина за смртност  за лицата на возраст од 10 до 25 години.

Имајки ги предвид наведените факти со право можеме да кажеме дека сообраќајните незгоди се црната чума на 21. век.

Според светските искуства и резултатите од истражувањата на релевантни меѓународни организации  најчести причини за сообраќајни незгоди во кои страдаат младите возачи се:

         1. Возачко неискуство. Ризикот за предизвикување на сообраќајна незгода  е највисок во првата година по добивањето на возачката дозвола. Затоа и покрај добивањето на возачката дозвола родителите имаат  родителска обврска да им обезбедат  на младите  возачите  најмалку 30 до 50 часа надгледувана пракса на возење во текот на најмалку шест месеци од  добивањето на возачката дозвола. Праксата треба да се реализира  на различни патишта, во различни периоди од денот и во различни временски услови и услови во сообраќајот. Практичната обука треба да опфати и активности за постојано скенирање на потенцијалните опасности вклучувајќи и други возила, велосипедистите и пешаците.

       2. Недоволна созреаност и слаб карактер. Ризикот за предизвикување на сообраќајна незгода се зголемува кога младите возачи возат млади сопатници во возилото. Притоа колку е поголем бројот на сопатници во возилото толку е поголем и ризикот. Согласно тоа, се препорачува на  младите возачи да го намалат бројот на млади сопатници во возилото на 0 или еден. Почитувањето на ова прeпорака е особено важна во првите 6 месеци по добивањето на возачката дозвола.

        3. Неискуство во ноќно возење. Ноќното возење  е опасност за сите возрасни групи. Фатални сообраќајни незгоди се случуваат најчесто во вечерните часови,  но ризикот е многу поголем за младите и неискусни возачи. Според ЗБСП,  младите возачи – возачите почетници не смеат да возат после 23 часот до 5 часот наутро, во првите две години по стекнувањето на возачката дозвола без придружба на возрасно лице над 25 години кое поседува возачка дозвола од соодветната категорија и на кое не му е изречена забрана за управување на моторно возило.

Токму затоа, пораката до младите возачи, до возачите почетници,  е да се почитуваат законските ограничувања и да се вежба ноќно возење во придружба на искусен возач во вечерно време пред да започнат самостојно да возат во ноќни услови.

          4. Некористење појас. Основната превенција од смртни случаи во сообраќајни незгоди е користењето на сигурносен појас. Истражувањата покажуваат дека младите возачи и сопатници најмалку користат сигурносен појас. Затоа секогаш  користете појас и барајте  од своите сопатници секогаш, задолжително да користат сигурносен појас на секое патување. Ова е основен чекор за намалување на ризикот на младите да бидат лошо повредени при сообраќајни незгоди.

         5. Рассеано возење и нефокусираност. Нефокусираноста, рассеаноста, невнимателноста - го зголемува ризикот кај младиот возач да предизвика сообраќајна незгода. Истражувањата потврдуваат дека младите возачи нејчесто користат мобилен телефон и возат под одвлечено внимание. Согласно тоа,  советот до младите возачи е: Не преземајте активности кои може да ви го одземат вниманието додека возете, како што се зборување на мобилен телефон, испраќање порака, јадење или играње со радиото. Последиците од нефокусирано, рассеано возење најчесто се фатални.

        6. Замор. Младите возачи се во голем ризик од поспаност при возење, што е причина за предизвикување на илјадници сообраќајни незгоди  секоја година. Младите се најмногу поспани во утринските часови или доцна во ноќта. Затоа, планирајте го своето патување, патувајте подготвени, одморени, правете повеќе паузи и консумирајте повеќе течности додека возите. Никогаш немојте да си препишувате големи цели и не ги преценувајте своите способности и не го потценувајте заморот.

       7. Несовесно возење. Истражувањата покажуваат дека кај младите недостасува искуство за правилно расудување и зрелост за да се проценат ризичните ситуации. Младите се повеќе склони кон преземање ризик, помалку држат безбедно растојание помеѓу возилата, возат слалом, неправилно престигнуваат, помалку се стрпливи и помалку се толерантни во сообраќајот. За помалку несакани ситуации на патиштата, младите возачи треба  да бидат совесни и одговорни возачи и секогаш  да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

       8. Брзо возење и алкохол. Брзината и алкохолот изнудуваат грешки кои најчесто завршуваат со фатални последици. Возач - почетник не смее да управува со возило со брзина поголема од 60 км/ч на јавен пат, односно со брзина поголема од 80 км/ч на пат наменет исклучиво за сообраќај на моторни возила, односно со брзина поголема од 100 км/ч на автопат.

Возачот - почетник кој поседува возачка дозвола од „Б“ категорија не смее да управува со возило чија сила на моторот е поголема од 77 киловати. Толеранцијата, дозволена количина на алкохол во крвта кај возач - почетник е еднаква на нула.

Брзото возење и алкохолот се најчести причини за предизвикување на сообраќајни незгоди со фатални последици. Затоа почитувајте ги правилата за ограничување на брзината и никогаш не возете под дејство на алкохол.

РСБСП со апел: Безбедноста во сообраќајот бара сериозност, одговорност и максимално почитување на сообраќајните правила и прописи.  Младоста не е и не може да биде никакво оправдување за неодговорното однесување во сообраќајот.

Биди одговорен возач!  #ВОЗИОДГОВОРНО

реклама

Протести во Белград поради враќањето на полицискиот час, полицијата употреби солзавец

Read more

Родителите на деца кои одат во училиште да се вратат на работа, одлучи Владата

Read more

Како паметно да одговорите на навреда?

Read more

Витаминот Д и коронавирусот - Вистинска или залудна надеж?

Read more

Авто новости

Mazda ја претстави „тројката“ која развива 250 КС

Read more

Suzuki Across или Toyota RAV4?

Read more

Луксуз и комфор: Bentley го претстави освежениот Bentayga

Read more

Volkswagen го освежи својот најпродаван SUV

Read more

Автомобили

  • play_arrow
  • filter

Mazda ја претстави „тројката“ која развива 250 КС

Читај повеќе
  • play_arrow

Nissan со тизер го најави електричниот кросовер Ariya

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Suzuki Across или Toyota RAV4?

Читај повеќе
  • filter

Луксуз и комфор: Bentley го претстави освежениот Bentayga

Читај повеќе
  • filter

Volkswagen го освежи својот најпродаван SUV

Читај повеќе

Откажан Саемот за автомобили во Женева за 2021 година

Читај повеќе
  • filter

Audi го претстави освежениот модел Q5 SUV

Читај повеќе
  • filter

Произведен последниот Bentley Mulsanne

Читај повеќе
  • filter

Поглед во тјунираниот Audi A6 Allroad

Читај повеќе