Најдобра „машка храна“: Ненормално го зголемува либидото и ја штити простатата

Тиквичките припаѓаат на видот Cucurbitaceae, а во ботаничка смисла се сметаат за овошје. Сепак, во кујните ширум светот, вклучително и кај нас, се подготвуваат како и останатиот зеленчук.

Се одликуваат со долгнавеста форма и зелена лушпа, што ги прави многу слични на краставиците. Нивниот плод е богат со хранливи материи, па затоа треба почесто да се внесуваат во менито.

Го стимулираат варењето

Тиквичките се добар извор на диетални влакна, поради што овој летен зеленчук им се препорачува на луѓето кои страдаат од запек. Не само што го заситуваат и стимулираат варењето, туку и ги чистат цревата од токсини.

Помагаат при слабеење

Тиквичките се диетална храна бидејќи повеќе од 90% од плодот е вода. Затоа, не е чудно што во 100 грама има само 16 калории. Најдобро е лесно да ги испржите во некое здраво масло заедно со друг летен зеленчук.

Го намалуваат крвниот притисок

Тиквичките се одличен извор на витамините Б и Ц, како и на калиум, кој ја регулира работата на срцето, го намалува крвниот притисок и спречува разни болести на протокот на крв. Запомнете дека повеќето хранливи материи се во лушпата, затоа не лупете ги за време на подготовката.

Го забрзуваат заздравувањето на раните

Овој летен зеленчук има и значителни количини на манган, кој е клучен за производството на аминокиселината пролин. Пролинот го стимулира создавањето на колаген во кожата и ја прави поздрава, но и го забрзува процесот на зараснување на раните на овој најголем човеков орган.

Чувари на простатата

Тиквичките може да се наречат и вистинска машка храна. Манганот во тиквичката има корисен ефект врз зголемувањето на либидото, додека фитонутриентите ги намалуваат симптомите на зголемена простата, што на мажите им го отежнува мокрењето, а понекогаш и сексот.

Тагови
реклама

Здравје

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Read more

Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Читај повеќе

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Читај повеќе

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Читај повеќе

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Читај повеќе