Најдобриот рецепт за тексашка компир салата

Ако досега не сте ја направиле, време е да ја пробате. Едноставен ладен прилог кој одлично одговара со печење, а може да се вклопи и на посната трпеза.

Компирот спаѓа во најпопуларните зеленчуци и тоа низ целиот свет. Од него може да се подготват најразлични јадења и прилози. Можете да го полните, правите помфрит или мусака..., а како што се наближуваат празниците ви предлагаме да направите тексашки компир. Одличен прилог е за печење, а се служи ладен. Се меша со краставички и кромид, а потоа се додава интересен прелив кој овој прилог го прави уште повкусен. Може да се направи и во посна варијанта, само мрсните состојки треба да ги замените со посни.

Потребни состојки:

  • 200 гр кромид
  • 150 гр јогурт (или посна кисела павлака)
  • 1 лажичка шеќер (не полна)
  • 1 лажичка сол
  • 700 гр компири
  • 300 гр кисели краставички
  • 20 гр младо кромитче
  • 15 гр копар

За сосот:

  • 50 мл млеко (или растително млеко)
  • 1 лажичка лук во прав
  • 1 лажичка сенф
  • 150 мл маслиново масло
  • 1 лажица оцет

Подготовка:

Компирите добро сварете ги и кога ќе се изладат исечете ги на коцки. Кромидот исечкајте го на ленти, посолете го, додадете шеќер и јогурт. Добро измешајте и оставете да отстои 20 минути. Во садот во кој ќе сервирате измешајте ги компирите со смесата од јогурт. Додадете сечкани кисели краставички, младо кромитчле и копар. Добро измешајте. Во блендер измешајте млеко, лук во прав, маслиново масло, оцет, сенф сол и бибер. Добро изблендирајте и прелијте над салатата. Промешајте и изладете, а потоа послужете.

Remote video URL
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Рецепти

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Read more

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Read more
 

Магазин

Осум симптоми дека на телото му недостасува железо: Не ги игнорирајте!

Читај повеќе

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе