Најдобрите актери на сите времиња според Стивен Спилберг

Славниот режисер Стивен Спилберг досега има соработувано со најдобрите актери во оваа работа, а во претходно интервју откри кои му се омилени.

Иако има соработувано со актери како Леонардо Дикаприо, Том Круз и Лијам Нисон, нивните имиња не се најдоа на неговата листа со омилени актери.

Во едно интервју познатиот режисер се присети на разговорот со колегата и режисер Стенли Кјубрик, по гледањето на филмот „The Shining“, за кој вели дека баш не му се допаднал. Спилберг му објаснил на режисерот дека Џек Николсон е навистина талентиран актер, но начинот на кој ја одиграл улогата во филмот бил претеран. Дури и го споредил со јапонски театар во кој актерите се многу стилизирани и со драматична костимографија и шминка.

Во одбрана на изведбата на Николсон, Кјубрик побарал од Спилберг да ги наведе неговите пет омилени актери на сите времиња. Интересно е тоа што ниту еден од актерите со кои Спилберг има соработувано, не се нашол на листата.

Кои имиња се најдоа?

Спенсер Трејси, Хенри Фонда, Џејмс Стујарт, Кери Грант и Кларк Гејбл се најдобрите актери на сите времиња, според мислењето на режисерот Стивен Спилберг.

„Добро, а каде е Џејмс Кегни на листата?“, запрашал изненадениот Кјубрик.

Спилберг му одговорил дека актерот котира високо на листата, но едноставно не е меѓу првите пет.

„Значи тој не е меѓу првите пет омилени актери. Вие не сметате дека Џејмс Кегни е еден од петте најдобри актери во светот, но јас сметам. Затоа и изведбата на Николсон е одлична“, му одговорил Кјубрик во таа прилика.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Филм & ТВ

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more
 

Сцена

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе