Netflix има нова најгледана серија, станува збор за „Monster: The Jeffrey Dahmer Story“ која го собори рекордот за „Squid Gamea“ и „Bridgerton“, станувајќи најгледана серија на стриминг платформата во првата недела од прикажување.
Серијата за Џефри Дамер, еден од најпознатите американски сериски убијци кои ги јадел своите жртви, во првата недела собра над половина милијарда прегледи.
Исто така, серијата стана деветтата најпопуларна серија на англиски јазик на оваа платформа, пишува Variety.
Приказната за овој убиец веќе е документирана, но Netflix се обиде на гледачите да им прикаже поинаков агол на гледање. Серијата е фокусирана на неговите жртви, како и на неспособноста на полицијата низ годините да го фати.
Во текот на 70-тите, 80-тите и 90-тите години тој извршил повеќе убиства и силувања, осуден е за некрофилија и канибализам. Уапсен е во 1991 година и осуден на 16 доживотни робии поради убиства и распарчување на 17 мажи и момчиња во периодот меѓу 1978 и 1991 година.