Најголемиот крипто грабеж во историјата: Хакери исчезнаа со 600 милиони долари

Безбедносен пропуст им дозволи на хакери да украдат 173.600 ETH, односно над 600 милиони долари, од игрицата „Axie Infinity“, во која играчите користат криптовалути и NFT и кои можат да ги заработат.

„Axie Infinity“ е игрица која го користи принципот „играј за да заработиш“ и во која играчите можат да инвестираат криптовалути или NFT, а потоа да играат за да заработат уште повеќе дигитални валути што можат да ги претворат во пари. Оваа игра е еден од најпопуларните наслови од овој тип, но се чини дека тоа ќе се промени со оглед на тоа што хакерите успеаја да испумпаат монети на Ethereum во вредност од над 600 милиони долари.

Се чини дека човечкиот фактор е делумно виновен за хакерскиот напад. Имено, во 2021 година тимот за развој побара од раководната структура на децентрализираната организација Axie да помогне во дистрибуцијата на бесплатни трансакции меѓу играчите на „Axie Infinity“. За жал, списокот за пристап не беше отповикан по завршувањето на акцијата.

Шест дена никој ништо не забележал

Ова им овозможи на хакерите да ја преземат контролата врз четирите јазли за валидација на мрежата Ronin и да почнат да префрлаат средства во нивните паричници. Никој не забележал дека се работи за хакерски напад кој траел од 23 март до 29 март кога некој се обидел да повлече 5.000 ETH и не можел, па некој забележал дека се хакирани, но во тој момент било предоцна.

Axie користи Ronin, страничен синџир специјално дизајниран за игри што им овозможуваат на корисниците пристап до блокчејн Ethereum без да плаќаат многу стандардни трошоци за трансакција. Секундарниот синџир во суштина е посебен синџир на блокови - блокчејн, кој е поврзан со главниот синџир користејќи двонасочна врска што овозможува размена на средства помеѓу главниот и секундарниот синџир.

Во суштина, играчите на „Axie Infinity“ мора да имаат Ronin и Ethereum паричници, бидејќи криптовалутите од паричниците Ethereum се пренесуваат во паричниците на Ronin преку мостот на Ronin, што овозможува купување на Axies, малите суштества во игрицата. Axies се суштества кои можете да ги одгледувате, да ги тренирате и да ги натерате да се борат едни против други за да се забавуваат. Се разбира, тие можат да се купат и продаваат на блокчејн.

Remote video URL
Пријавено во полиција

Според информациите добиени од тимот за развој, средствата ETH и USDC (USD Coin) биле повлечени од мрежата на Ronin, а тимот за развој пријавил сè во полиција, кај форензичките криптографи и инвеститорите, за да се осигура дека ниту еден корисник не биде оштетен.

Добрата работа е што засега најголем дел од парите се во паричникот на хакерите, што ги зголемува шансите парите да се вратат назад.

Иднината на криптовалутите

Она што е проблематично во целата оваа приказна не е само фактот дека се ограбени луѓе, туку што тоа се случува сѐ почесто и дека бројките секој пат се сѐ поголеми и поголеми. Блокчејн е фантастична технологија која има навистина светла иднина, исто како и криптовалутите, но се чини дека во играта се во прашање многу пари и дека безбедноста не е на највисоко ниво.

Големите пари секогаш ќе привлекуваат голем број злонамерни корисници кои сакаат да се збогатат преку ноќ, а од нив нема бегање, но за разлика од банките и берзите, на хакерите изгледа им е многу полесно да олеснат различни платформи за големи суми пари, било да се криптовалути, NFT или нешто сосема трето.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Интернет

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more
 

Гик

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе