Наједноставниот начин за да спиете подобро е да направите место на вашето куче. Научниците потврдиja дека спиењето со куче влијае позитивно на здравјето и помага да имате мирен сон.
Истражувањето кое е спроведено на клиниката Мејо покажа дека тоа е една од подобрите работи кои може да ги направите за вашето здравје.
Во студијата учествувале 40 доброволци кои ги донесоа нивните домашни миленичиња.
Научниците ги интересираше дали спиењето со куче во ист кревет влијае на квалитетот на сонот и на кој начин.
Секако, истражувањето покажа дека подобро е да спиете со вашето куче.
„Повеќето од испитаниците мислат дека на миленичињата не им е место во спалната соба, вели доктор Луис Кран од клиниката Мејо. Но, нашето истражување покажа дека луѓето спијат поспокојно кога друштво им прави домашното милениче“.