Највисоката дрвена зграда во Европа ќе никне во најоткачениот европски град

Woho, највисоката зграда во Европа изградена од дрво, на многу начини ќе биде град за себе.

Во овој специјален проект, архитектите имаат намера да создадат станбен облакодер во кој ќе посветат максимално внимание на социјалната и еколошката одржливост.

Највисокиот станбен облакодер во Европа изграден од дрво ќе се наоѓа во берлинската населба Кројцберг, позната по диверзитетот и прогресивноста, што ќе се рефлектира и во оваа зграда.

Woho е дело на норвешката архитектонска фирма Mad arkitekter од Берген, која ги опишува нејзините проекти како „примери на одржливост“. Нивниот проект е создаден во соработка со голем број талентирани професионалци, а некои од нив се Mud, Degree of Freedom и Wenzel & Wenzel.

„Нашиот концепт е замислен како вертикална интерпретација на типичен блок во Кројцберг“, објаснуваат архитектите чиј дизајн на повеќенаменска станбена зграда во центарот на градот го освои првото место на еден берлински натпревар.

Одраз на диверзитетот и функционалноста

Зградата е замислена како збирка згради со различна ширина и висина, кои по својата разновидност се прилагодуваат на градот и соседството, како и на луѓето кои веќе живеат таму.

„За нас беше важно да создадеме зграда што луѓето ќе можат да ја користат, во која потребите на нејзините жители, корисници и соседи се на прво место“, додаваат од Mad arkitekter.

Употребата на дрво во изградбата, објаснуваат архитектите, постигнува предности како што е топлината, но и значително намалено негативно влијание на јаглерод диоксидот, особено кога овој тип на конструкција се споредува со традиционалните методи.

Како дел од комплексот, предвидени се и зелени површини со кои архитектите се обидуваат да ги поврзат постојните паркови и улици со нова еколошка приказна за одржливата архитектура на Кројцберг. Комплексот се заснова и врз отворениот концепт на приземјето на зградата, кој беше замислен како покана за користење на новата зона, со што се поттикнува активноста на самиот град.

„Отворените скалила што го поврзуваат приземјето со горните катови ја поддржува идејата за активна и привлечна зграда наменета за јавна употреба“, објаснуваат архитектите.

Новата зграда е дизајнирана како комплекс кој опфаќа комбинација на различни активности и функции, вклучувајќи основни станбени функции, градинка, културни функции и комерцијални функции, како што се канцелариски простор, работилници и угостителски бизниси.

Развојот на највисоката дрвена зграда во европа е планиран во соработка со градските власти во Берлин, локалната заедница, со цел да се создаде процес на активно учество, истовремено поддржувајќи го социјалниот и еколошкиот концепт врз кој е создадена.

Remote video URL
реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Read more

Архитектура

Тоне еден од најголемите градови во светот

Read more

Со бетон што апсорбира CO₂ изградена куќа во Јапонија

Read more

По 144 години, Саграда Фамилија конечно ќе биде завршена

Read more

Топ 20 мегапроекти што треба да бидат готови во 2024 година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Бургер на едноставен начин

Читај повеќе

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Читај повеќе

Во кој случај не треба да земете домашно милениче?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Читај повеќе

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Читај повеќе

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Читај повеќе
  • filter

Тоне еден од најголемите градови во светот

Читај повеќе

Намалете ги слатките: 8 знаци дека консумирате премногу шеќер

Читај повеќе

Раните знаци на аутизам кај децата може да се откријат дури и пред 3-годишна возраст

Читај повеќе