Намалени цените на билетите во Ски-центарот „Попова Шапка“

Ски-центарот „Попова Шапка“ информира дека ги намалува цените на билетите.

– Со намалувањето, од утре, па до крајот на сезоната, билетите ќе можат да се набават по следниве цени и тоа дневен ски-билет 800 денари, полудневен ски-билет 550 денари, детски ски-билет 400 денари, ноќно скијање 400 денари, поединечен билет за двосед „Син Врв“ 150 денари, поединечен билет за шестоседата жичница „Лајтнер“ 150 денари и поединечен билет за двосед „Св. Илија“ 100 денари, се наведува во соопштението.

Од Ски-центарот посочуваат дека за сите билети се наплаќа повратна кауција во висина од 200 денари, кои средства се рефундираат при враќање на ски-билетот на благајната.

– И покрај пандемијата од COVID-19, Ски-центарот „Попова Шапка, пред сѐ заради големото количество снег, но и заради ограничениот излез за патувања надвор од земјава со актуелната ситуација, бележи исклучително добра ски сезона. Од тие причини, новото раководство на ЕЛЕМ ТУРС, друштво кое стопанисува со Ски-центарот „Попова Шапка“, донесе одлука за намалување на цените на ски-билетите и на билетите за едно возење на жичниците во Ски- центарот со цел да помогне во семејните буџети и да овозможи поголема достапност на услугите на Ски-центарот на скијачите, бордерите и посетителите на Ски-центарот, се додава во соопштението.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more

Македонија

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Read more

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе