Black Friday добива ново значење

Наместо попусти, компанијата „dm дрогерие маркт" донира 5% од целиот дневен промет за обезбедување храна и оброци за социјално загрозени сограѓани

Во период кога сите на пазарот се насочени кон вртоглава потрошувачка и попусти, компанијата dm дрогерие маркт одлучи и оваа година, на т.н. „Црн Петок“ да му даде ново значење, такашто ќе донира 5% од целиот остварен промет на 27 нември во хуманитарни цели. Оваа донација ќе биде реализирана во форма на пакети со храна кон организацијата „Ајде Македонија“ со цел обезбедување храна и оброци за социјално загрозени сограѓани.

Под слоганот „Giving is the new black“, најголемиот дрогериски ланец потсетува дека солидарноста никогаш не била попотребна од сега и дека токму сега е правиот момент, во оваа предизвикувачка 2020 година, да се навратиме на она што е навистина важно.

Предводени од ова, компанијата dm дрогерие маркт во нашата земја им дава шанса на сите свои купувачи да бидат дел од една голема хуманитарна активност и на 27 ноември да дадат свој придонес кон обезбедување што повеќе средства за храна за социјално загрозените сограѓани.

Компанијата dm ја започна оваа иницијатива минатата година, кога на Black Friday 2019 донираше 300.000,00 денари за обнова на апарати, потребни за Клиничкиот центар во Штип, а во текот на оваа година реализираше низа социјално-одговорни проекти, преку кои се донирани повеќе од 500.000 денари наменети за различни здравствени и општествено корисни институции.

Предводени од својот основен принцип „Човекот во центарот на работењето“, dm и во претстојната година ќе продолжи со реализација на општествено корисни проекти, кои ќе ја направат нашата заедница подобро место за живеење за сите нас.

реклама

Што ќе се случи во телото ако секој ден пешачите?

Read more

Филипче: Повикувањето за вакцинација ќе се одвива преку системот „Мој термин“

Read more

26 јануари 1788, почнала колонизацијата на Австралија

Read more

Конор Мекрегор суспендиран на шест месеци

Read more

Промо

Интегрирано решение на „Комволт“ за заканите на рансомвер

Read more

Дедо Мраз вози за Кликни Јади!

Read more

Државна Лотарија и Црвен крст започнаа со хуманитарна акција за поддршка на ранливи категории граѓани во борба со Ковид-19

Read more

Дали знаете како да ги совладате загадувачите на воздух во домот?

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Што ќе се случи во телото ако секој ден пешачите?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Street Fighter“ доби искрен трејлер

Читај повеќе

Филипче: Повикувањето за вакцинација ќе се одвива преку системот „Мој термин“

Читај повеќе
  • play_arrow

Со гол од слободен удар Барди се врати на зелениот терен

Читај повеќе

Јапонија вработува 10.000 здравствени работници за ОИ

Читај повеќе

Совети како да го смирите детето во моменти на изливи на бес

Читај повеќе

Утре без струја дел од општините Карпош и Сарај, задутре дел од Центар и Арачиново

Читај повеќе

Почетни состави за дербито Интер - Милан

Читај повеќе

Усвоен Националниот план за COVID-19 вакцинација

Читај повеќе