Наместо зеленило и градинки, ќе никнат нови згради во Хром и Дексион

Политичката партија Левица алармира дека широката коалиција ДМНЕ И СДСМ заедно работат на уништување на Општина Ѓорче Петров, со градење нови згради во Хром, Дексион и кај Реонскиот парк.

На последната седница на Советот на Општината - кога советничката група од Левица гласаше „ПРОТИВ“ – мнозинството даде согласност и на тој начин се усвои дополнувањето на Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Ѓорче Петров за 2022 година.

ДПМНЕ и коалицијата со гласањето „ЗА“, дадоа согласност за отуѓување на државно земјиште и изградба на нови бетонски зданија во: близина на Реонскиот парк, Дексион, Хром и Кучково.

Стојкоски и ДПМНЕ, велат од Левица, се надеваат на полнење на Буџетот на општината и нивниот џеб, така што до крајот на 2022 година очекуваат да се продадат земјиштата и да никнуваат нови згради во:

- Дексион, 7 катница на главната улица „Ѓорче Петров“, согласно ДУП-от за градска четврт СЗ 13 којшто ДПМНЕ го изгласа кон крајот на минатата година;

- Во близина на Реонскиот парк Ѓорче Петров, зад Кам Маркет, 6 катница, согласно ДУП-от за градска четврт СЗ 15 изгласан на почетокот од минатата година од СДСМ;

- Хром, кај ул. „Зејнел Ајдини“ 4 катница, согласно ДУП-от за градска четврт СЗ 20 изгласан од СДСМ.

„Иако советниците од Левица во секоја прилика истакнуваат дека Општината мора да најде друг начин за зголемување на приходите, општинската власт сепак, упорно го избира најлесниот начин за нив и нивниот личен интерес, а најболниот за жителите на Општина Ѓорче Петров особено од урбаниот дел – отуѓување на државно земјиште. За Левица се неприфатливи ваквите 'решенија', особено во услови кога Општина Ѓорче Петров 'кубури' со паркинг места, градинки, зеленило...“, стои во објавата.
 

ШИРОКАТА КОАЛИЦИЈА ДПМНЕ И СДСМ ЗАЕДНО ЗА УНИШТУВАЊЕ НА ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – НОВИ ЗГРАДИ ВО ХРОМ, ДЕКСИОН И КАЈ...

Posted by Левица - Ѓорче Петров on Sunday, October 2, 2022
Тагови
реклама

НАЈДИ МЕ - Систем за рано предупредување за исчезнати деца во Македонија

Read more

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Како правилно се јаде јапонско јаболко?

Read more

Ретрограден Меркур им ги враќа бившите на 4 хороскопски знаци

Read more

Македонија

Јавниот превоз утре и задутре со изменет режим

Read more

Левица: Трамвај наместо БРТ на Шилегов, конечни место половични решенија

Read more

Комуналците од Тетово излегоа на штрајк поради неисплатени плати

Read more

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Хамас ослободи уште 12 заложници

Читај повеќе

Јавниот превоз утре и задутре со изменет режим

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица: Трамвај наместо БРТ на Шилегов, конечни место половични решенија

Читај повеќе

Путин испрати предупредување до Западот

Читај повеќе

Комуналците од Тетово излегоа на штрајк поради неисплатени плати

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје

Читај повеќе

Се продава легендарниот хотел Славија во Белград

Читај повеќе

Амбулантите и болниците ќе работат за време на министерскиот состанок на ОБСЕ

Читај повеќе

Во Белград градски автобус се преполови буквално па половина

Читај повеќе