Преку собирање слики од Сонцето, научниците решија да ги одберат најинтересните моменти од неговиот живот и да направат едночасовно видео.

Сонцето најблиската ѕвезда до Земјата и игра многу важна улога затоа што овозможува живот на нашата планета преку светлината и топлината со кои ја опсипува. Затоа, не е чудно што научниците од НАСА, преку програми како „Живот со ѕвезда“, внимателно ги проучуваат сите настани на Сонцето.
Снимањето на неговата површина е еден од најдобрите начини да се добијат потребните податоци, а едно од вселенските летала што им помага во тоа е Solar Dynamics Observatory, лансирано во 2010 година. Неговата мисија до 2030 година ќе биде снимање и бележење на промени во сончевото магнетно поле и топла плазма, но и мерење на зрачењето кое го создава на јоносферата на Земјата и на другите планети.
Затоа SDO дневно прави околу 70.000 фотографии, кои научниците на НАСА сега успеаја да ги обработат и да создадат видео кое прикажува 133 дена на Сонцето во временски интервал од околу еден час. Снимено е во екстремни ултравиолетови бранови должини, а најдоминантната глетка што може да се види е јамките од плазма кои се виткаат над неговата вжештена површина.
Научниците веруваат дека мисијата на вселенското летало SDO досега била многу успешна, толку што во 2020 година направиле видео во НАСА за да прослават една деценија од неговата работа. Потоа ги објави најважните откритија што ги направило, вклучително ерупции на масивни блесоци, нови видови бранови и моментот кога жешката ѕвезда проголтува комета што ѝ се приближува.
Во 2018 година, НАСА, исто така ја лансираше сончевата сонда Parker, која стана најблискиот објект направен од човек што се приближил до Сонцето. Само две години подоцна беше лансиран Solar Orbiter, чија цел ќе биде да ги проучува сончевите поларни региони.