Американската вселенска агенција НАСА одбра две приватни компании кои ќе работат на развој на скафандри потребни за патување на астронаутите на Месечината.
Станува збор за компаниите Axiom Space и Collins Aerospace, кои ќе развијат скафандри за следната генерација идни астронаути, а кои ќе ги носат во текот на вселенски прошетки како и во прошетка по површината на Месечината.
Ова е храбар нов правец за развој на скафандри на кој се одлучи НАСА, со оглед на што оваа важна задача ја довери на приватен сектор откако со години се мачеше со развој на скафандри.
Овие нови скафандри ќе имаат клучна улога во програмата Артемис на НАСА, за испраќање екипаж на Месечината до 2025 година.
Вкупната вредност на договорот изнесува 3,5 милијарди долари.