НАСА: Во наредните 10 години луѓето ќе живеат на Месечината

Постојат големи шанси луѓето да живеат на Месечината уште во текот на оваа деценија, велат од НАСА за BBC.

Хауард Ху, менаџер на програмата за лунарната сонда Orion, вели дека ќе бидат потребни лунарни живеалишта за поддршка на идните мисии.

Според НАСА, лансирањето на ракетата SLS со Orion во мисијата Artemis e „историско за вселенските летови“. Orion моментално се наоѓа 134.000 километри од Месечината.

„Тоа е првиот чекор што го презедовме во долгорочното истражување на длабоката вселена, не само за САД туку и за светот. И не мислам дека ова е историски ден само за НАСА, туку и за сите луѓе кои сакаат вселенски летови и вселенски истражувања“, изјави Ху за BBC.

„Се враќаме на Месечината, работиме на одржлива програма и ова е всушност возило кое ќе ги носи луѓето на Месечината“, додаде тој.

Ако сегашниот лет биде успешен, следниот ќе биде со екипаж, а потоа ќе има и трет каде астронаутите повторно ќе слетаат на Месечината.

Една од најкритичните фази на мисијата е безбедното враќање на Orion на Земјата. Леталото ќе влезе во атмосферата со брзина од 38.000 км/час или со брзина 32 пати поголема од брзината на звукот. Штитот од долната страна ќе биде изложен на температури до 3.000 Целзиусови степени.

URL

Откако ќе се тестира и докаже безбедноста на компонентите и системите на Artemis, Ху вели дека планот на НАСА е луѓето да живеат на Месечината уште во оваа деценија.

Една од причините за враќање на Месечината е да се открие дали има вода на нејзиниот јужен пол, бидејќи тоа може да се претвори во гориво за вселенските летала кои одат подлабоко во вселената, на пример на Марс.

„Ќе испратиме луѓе на површината и тие ќе живеат на површината и ќе се занимаваат со наука. За нас ќе биде многу важно да научиме да живееме надвор од орбитата на Земјата и потоа да направиме голем чекор кога ќе одиме на Марс“, рече Ху.

Капсулата Orion треба да се врати на Земјата на 11 декември. Да се надеваме дека мисијата ќе биде успешна.

URL
Тагови
реклама

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе