Насилство има и во училиштата без мешан етнички состав

Скопје, 7 јули 2020 (МИА) – Четириесет и девет отсто од испитаните ученици и наставници пријавуваат постоење на тензии и инциденти во училиштата со хетероген етнички состав.

Но, и учениците од хомогени етнички средини пријавуваат постоење на тензии и инциденти во 40 отсто од случаите. Насилството е присутно и во средините без мешан етнички состав, беше истакнато на денешната промоција на резултатите од истражувањето на тема „Насилството во училиштата и меѓуетничките односи“, спроведено во девет средни училишта од Скопје, Велес, Виница, Дебар и Гостивар во периодот ноември-декември 2019 година.

Истражувањето е спроведено од Агенцијата за истражување на јавното мислење и маркетинг „БРИМА“ со поддршка на тимот на Програмата за мировно образование при Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ, со намера да се добијат податоци за мислењето и ставовите на наставниот кадар и учениците за прашања поврзани со насилството и меѓуетничките односи во училиштата. Се работи за три истражувања спроведени во период од девет години  (2011, 2012 и 2019 година) на примерок од 400 ученици и наставници.

Цел на оваа компаративна анализа, велат од „Меѓаши“, е да се согледа и влијанието на активностите вклучени во програмата врз ставовите, пристапот и третманот на насилството во училиштата од страна на наставниците кои се вклучени во програмата и кај учениците во тие училишта.

– Она што го нуди Мировното образование е добра можност за зајакнување на капацитетите на наставниците, зголемување на сензитивноста за проблематиката, запознавање со модели за справување со насилството, а преку спроведување на активности со учениците и практична работа на оваа тема. Наставниот кадар во голем дел нема едукација на овие теми, односно недостасуваат воспитни модели. Наставниот процес премногу се фокусира на фактографија, мерење на незнаењето на податоци, што како практика се напушта во западниот свет, а многу малку со учениците се работи на ефикасна комункација, личен раст и развој, позитивна клима и сл., посочуваат од „Меѓаши“.

Цел на анализата е да се согледаат ефектите од имплементацијата на Програмата за мировно образование, која се спроведува во над 20 воспитно образовни установи во државата од кои повеќето се средни училишта и подразбира мрежа од над 200 наставнички и наставници вклучени во различни обуки за зајакнување на нивните капацитети, кои реализираат голем број активности во училиштата.

– Пријавени се дури 22 различни видови на насилство во училиште, од кои најзастапено е навредувањето и исмевањето 88 отсто, што укажува на негативно влијание на формирањето на општата клима во училиштата, потоа следи уништување на уч. инвентар со 84 отсто – што може да укажува дека ученичките кои се сторители на вакви форми на однесување се „полни“ со фрустрации, кои не можат да ги манифестираат на друг начин и механизмот фрустрација – агресија се проектира на предметниот свет околу нив и го искажуваат на овој начин. Образовниот систем не развива вештини за справување со агресија, не ги учи учениците дека лутината не мора да се изрази преку демолирање на предмети. Тепачки меѓу учениците (82 отсто) се на трето место и нема значајна разлика во однос на состав и локација на училиштата, а најмногу се случуваат во училишен двор (60 отсто), заради помала видливост од страна на возрасните, се наведува во анализата.

Во анализата се вели дека навредувањето на линија наставник – ученик и ученик – наставник е на четврто и петто место на листата. Наставниците во своите едукации не стекнуваат свесност и вештини за справување со лутина и разрешување на конфликти, кои се основа за една зрела и професионална комуникација. Од друга страна, неказнивоста, непостоењето на механизми, законски акти и притисокот врз наставниците од страна на родителите и средината, често пати ги става и наставниците во улога на жртви на учениците и образовниот систем.

Како причини за насилно однесување помеѓу учениците, најчесто се наведуваат провокациите (61 отсто), омразата или одмаздата (60 отсто), одбраната на другар/ка (46 отсто), љубомората (43 отсто), лошото друштво (43 отсто) и самоодбрана (41 отсто). Нема значајни разлики во однос на средината.

Како мерки за подобрување на разбирањето помеѓу учениците од различни етнички заедници, испитаните ученици наведуваат: воведување заеднички часови, работилници, проекти и активности, додека како мерки за намалување на насилството во сите три истражувња се нагласува младинското учество, клубови, праламент и сл. (со над 80 отсто одговори).

– Генерално, се забележува тренд на зголемување на прифаќањето на оправданоста на решавањето на проблемите во општеството преку насилство. Овој наод соодветствува со социјалната реалност во земјава, бидејќи последнава деценија во јавното мислење присутна е перцепцијата за неказнивост на насилствата што, од своја страна, дава порака дека нема други механизми за решавање на конфликтитие, освен со насилство. Училиштата не се доволно препознаени од учениците како места на кои можат да побараат помош во случај на изложеност на насилство: никогаш не се обраќаат на директорот на училиштето (62 отсто), нешто помалку на друг наставник (50 отсто), на педагог/психолог (42 отсто), класен раководител (34 отсто), соученик (31 отто). За крај охрабрувачки податок дека над 60 отсто од испитаните наставници проценувата дека насилството е намалено во 2019 година во однос на 2011 и 2012 година, се вели во истражувањето.

Детската амбасада МЕЃАШИ ја спроведува Програмата за мировно образование со поддршка на партнерската организација KURVE Wustrow од Германија и финансиска поддршка на Германското федерално министерство за економска соработка и развој.

реклама

Забрзано опаѓа бројот на заразени во Шведска, епидемиолозите не знаат точно зошто

Read more

Не е до оргазмот: Зошто сексот нѐ прави среќни?

Read more

Кацин: Словенија има добра епидемолошка ситуација, но проблем се младите

Read more

Нов Зеланд по 102 дена има 4 новозаразени, веднаш воведен карантин

Read more

Живот

Поради епидемилошките мерки, шведско-норвешка двојка се венчаше на граница

Read more

На денешен ден, пред 75 години, жените во Југославија се стекнаа со право на глас

Read more

Арнолд Шварценегер стана дедо

Read more

Бил Гејтс: Пандемијата за богатиот свет ќе заврши до 2021, за другите подоцна

Read more

Магазин

Поради епидемилошките мерки, шведско-норвешка двојка се венчаше на граница

Читај повеќе

На денешен ден, пред 75 години, жените во Југославија се стекнаа со право на глас

Читај повеќе

Роботи помагаат во изградба на брана во Јапонија

Читај повеќе
  • filter

Најпознатиот полициски мачор замина во пензија

Читај повеќе

Не е до оргазмот: Зошто сексот нѐ прави среќни?

Читај повеќе

Неверојатна трансформација на 74 години: Ако можам јас, можете и вие

Читај повеќе

Руската вакцина против коронавирусот ќе штити до две години

Читај повеќе

Микробиолог: Вирусот подолго се задржува на ракавиците отколку на кожата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пет утрински навики со кои побрзо ќе слабеете

Читај повеќе