Насмеј се, ќе те сликаат за казна од 240 евра

За изрекување на паричната казна, потребно е само возачот да го држи в рака мобилниот телефон, а полицијата не треба да докажува за што го користел.

Холандската полиција користи камерии за да открие возачи кои користат телефон додека возат. Користењето мобилен телефон е опасно, Холанѓаните го знаат тоа и го казнуваат таквото однесување зад воланот.

MONOcam - мобилна камера на статив - им помага во тоа. Уредот може да се инсталира во урбани средини, како и надвор од градските средини.

Камерата доаѓа со софтвер развиен од холандската полиција. Овој софтвер овозможува MONOcam да препознава возачи кои имаат мобилни телефони во рацете.

Интересно е што ако возачот само го држи смартфонот во рака, полицијата не мора да докажува за што му служел - телефонирање, користење апликација, управување со навигацискиот систем или нешто друго.

Ако MONOcam сними сомнителна ситуација, а алгоритмите на софтверот ја препознаат, фотографијата се испраќа до полицаец кој оценува дали мобилниот навистина е користен.

Ако е така, друг полицаец ја проверува снимката за конечен заклучок. Доколку се открие прекршок, службеникот ги испраќа доказите до Централната казнено-поправна агенција (CJIB), кои потоа ја испраќаат паричната казна до возачот.

Првиот од таканаречените паметни уреди MONOcam неодамна беше предаден на една од регионалните полициски единици.

Како и да е, MONOcam е технички тестиран во последните осумнаесет месеци, вклучително и проверка на усогласеноста со законодавството за лични податоци.

Ова се постигнува со софтвер кој автоматски ги замаглува лицата на можните патници со видливо само лицето на возачот.

Фотографиите се чуваат за краток период. Штом полицајците ги прегледаат и ги препраќаат за плаќање на казната, фотографиите се бришат.

Фотографиите на прекршителите потоа остануваат зачувани само во Централната казнено-поправна агенција, што беше случај досега со фотографиите направени со радарски сетови и камери за брзина во Холандија.

Казната за користење мобилен телефон при возење е 240 евра, а полицијата очекува дека користењето на уредот MONOcam ќе придонесе за поголема безбедност на патиштата во таа земја.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Авто новости

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Read more

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Read more

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Читај повеќе
  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе
  • filter

5 евтини додатоци кои секој треба да ги има во автомобилот

Читај повеќе