Наставник од Прилеп има порака до родителите кои на Facebook бараат прераскажани лектири

Билјана Стефановска-Богоеска
/ 11.11.2022 / 10:34

Наставникот Гоце Бумбароски од Прилеп упати јавна порака до сите родители кои на групи низ социјалните мрежи бараат готови, прераскажани лектири за децата.

„Вашите разгалени деца се одраз на Вас, почитувани разгалени родители. Наместо да ги поттикнувате децата да читаат лектири, Вие им ги прераскажувате, уште полошо - барате готово прераскажани... Почит и наклон за исклучоците, верувам дека се во поголем број!“, вели наставникот кој постојано укажува колку е важно децата активно да читаат книги и лектири.

Децата се нашето огледало, а како родители воопшто не им правиме услуга доколку не ги поттикнуваме да читаат. Всушност, за децата тоа би бил голем недостаток понатаму во животот бидејќи ќе бидат навикнати некој друг сè за да прави за нив.

Прашањата од типот дали некој ја има прераскажано лектирата „Девојките на Марко“, „Бегалка“ и слично не се во корист на децата, немојте да мислите дека наставниците не забележуваат дека детето ја нема прочитано лектирата. Со едно прашање можат да ја разоткријат лагата. 

Оставете ги децата да ја развиваат фантазијата и да читаат, без изговори дека не сакаат книги. Бидете им вие пример, подобро да ве гледаат вас со книга отколку со телефонот в раце.

Реакцијата на наставникот Бумбароски наиде на голема поддршка во јавноста и отвори и други теми за дискусија.

Тагови
реклама

Книги

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Read more

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more

Нов роман на Фросина Пармаковска

Read more
 

Магазин

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе