Наталија Теодосиева меѓу наградените на 21. Синедејс

Со проекцијата на филмот „Нема да си сама“ на режисерот Горан Столевски, заврши 21-от Меѓународен фестивал на европски филм Синедејс.

Горан Столевски и Сара Климоска („Нема да бидеш сама“)

Под слоганот „Од високо подобро се гледа“ и годинава фестивалот на нестандардни простори за проекции низ Скопје обедини повеќе од 15.000 вљубениците на европскиот филм.

Беа прикажани 50 филмови, а куриозитет беше ексклузивната Гала селекција, на која беа прикажани филмовите од неодамна завршениот Кански филмски фестивал.

„Го отворивме и затворивме фестивалот со две македонски режисерски имиња, Даријан Пејовски и Горан Столевски. Имавме ексклузивитет со проекции на канските филмови. Ни гостуваа регионални и европски режисерски имиња како гости. Полни проекции и работилници. Вака сумирани резултатите ни дозволуваат да бидеме презадоволни од овој Синедејс и веднаш да се впуштиме во подготовка на новото 22 издание со овој стандард пред нас, кој ни покажува дека ние тимот на МКЦ можеме и знаеме“, вели Маргарита Арсова, координаторка на Синедејс.

На затворањето на фестивалот беа доделени и наградите во двете фестивалски програми: Официјална селекција и SEE (South Eastern Europa) селекција:

Официјална селекција

 Златна ѕвезда ја добива „107 мајки“, во режија на Петер Керекеш

За авторовото чувствително и суптилно истражување и прикажување сложени ликови, за неговиот неосудувачки поглед, но во рамките на јурисдикцијата и за автентичниот пристап што го погодува гледачот со силно емотивно влијание, наградата за Најдобар филм во Официјалната селекција или ЗЛАТНА ЅВЕЗДА ја добива „107 мајки“, во режија на Петер Керекеш.

Сребрена ѕвезда за „Оркестар“, во режија на Матеуж Лузар

За прецизноста и амбицијата во филмски стил, кои се успешно и убедливо исполнети, притоа водејќи екипа од голем ансамбл, наградата за Најдобра режија или СРЕБРЕНА ЅВЕЗДА оди кај најлошата група патници од „Оркестар“, во режија на Матеуж Лузар.

Сина ѕвезда за „Други луѓи“ за Александра Терпинска

Пишувањето сценарио е еден од најтешките аспекти во процесот на снимање филм. Дотолку повеќе кога не само приказната, туку и дијалогот има и ритам и рима со чија помош приказната се раскажува на уникатен и соодветен начин. Наградата за Најдобро сценарио во Официјалната селекција или СИНА ЅВЕЗДА ја добива Александра Терпинска, за филмот „Други луѓе“.

Специјално прзнание за Наталија Теодосиева за улогата „Мими“ на Даријан Пејовски

За динамичната изведба што ја истакнува суптилната темнина зад секоја невозможна желба, специјално признание добива Наталија Теодосиева, за нејзината главна улога во „Мими“ на Даријан Пејовски.

SEE (South Eastern Europa) селекција

Специјално признание за режисерот Иван Бакрач за филмот „По зимата“

За верен приказ на генерација што трага по сопствениот сексуален, политички и колективен идентитет и кохерентноста евидентна во неговиот убедлив дебитантски игран филм, специјално признание добива Иван Бакрач за „По зимата“.

Златно сонце за најдобар филм за „Вера сонува за морето“ на Калтрина Красниќи

Во патријархално општество чиишто темели биле изградени врз жртвите на безброј жени, замолчени и невидливи низ историјата, катарзично е да се биде сведок на хуманоста и издржливоста на жените денес, кои го враќаат она што отсекогаш и со право им припаѓало. Со своето повеќеслојно портретирање на човековата природа, чудесната камера и извонредната глума што ја доловува комплексноста на женскиот род со генерации наназад, ова филмско деби открива жесток нов глас од режисерка што силата ја гледа во тивките фигури. Наградата ЗЛАТНО СОНЦЕ за најдобар филм ја добива „Вера сонува за морето“ на Калтрина Красниќи.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Филм & ТВ

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе