Научници од Универзитетот во Кардиф: Лекот за ракот, најверојатно, е во човековото тело

Тим научници од Универзитетот во Кардиф во Велс, открија начин за уништување на ракот на простата, гради, бели дробови и на други органи. Откритието е објавено во списанието Nature Immunology.

Наодите сè уште не се тестирани на пациенти, но се нагласува дека откритието има огромен потенцијал, иако е во рана фаза на истражувањето.

Имуниот систем e природен одбранбен механизам од инфекции кај човекот. Како што изјави д-р Гари Далтон, научниците дојдоа до сознанија дека Т-клетките во крвта, веројатно се природна заштита и од појава на рак и тумори.

– Овде имаме шанса, секој пациент да биде излечен. До скоро се веруваше дека тоа е невозможно. Овие наоди ги зголемуваат можностите за лекување на рак, оти Т-клетката е способна да уништи различни видови рак кај луѓето, истакна истражувачот Ендрју Суел.

Научниците трагаат по неконвенционални и претходно откриени начини како имуниот систем напаѓа тумори. Открија дека тоа се Т-клетките во човечката крв. Тоа е имунолошка клетка која може да го скенира телото и да процени дали постои закана која треба да биде елиминирана. Разликата е во тоа што оваа клетка може да нападне различни видови на рак.

Т-клетките имаат рецептори на површината кои им овозможуваат да „видат“ на хемиско ниво. Сега се истражува начинот на кој тоа се остварува.

Идејата е да се земе примерок на крв од пациент кој боледува од рак и извадените Т-клетки да бидат генетски модицифицирани со цел да бидат репрограмирани за да станат рецептори за откривање на рак. Надградените клетки би се одгледувале во огромни количини во лаборатории и потоа би биле враќани кај пациентите. Процедурата е иста како кај CAR-T терапијата.

Засега, истражувањето е тестирано само на животни во лабораториска средина, а пред да прејдат на луѓето, на научниците би им биле потребни уште одреден број безбедносни проверки.

реклама

Наука

Научниците шокирани: Една болест води кон имунитет на COVID-19

Read more

Колку брзо луѓето еволуираат?

Read more

Барајќи лек за коронавирусот, најдоа потенцијална терапија за канцер

Read more

Зошто се намалува мразот во Северен Леден Океан?

Read more

Гик

Метеоролозите останаа без имиња за бурите

Читај повеќе

Научниците шокирани: Една болест води кон имунитет на COVID-19

Читај повеќе
  • play_arrow

Колку брзо луѓето еволуираат?

Читај повеќе
  • filter

Познат датумот кога ќе биде претставен долгоочекуваниот OnePlus 8T

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да ги „замаглите“ лицата во видеата на YouTube?

Читај повеќе

Барајќи лек за коронавирусот, најдоа потенцијална терапија за канцер

Читај повеќе
  • filter

Apple подготвува изненадување за купувачите: Наскоро пристигнува iPhone 12 mini

Читај повеќе
  • play_arrow

Колку ќе ја чини НАСА испраќањето на првата жена на Месечината?

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто се намалува мразот во Северен Леден Океан?

Читај повеќе