Научници пронајдоа нов дел од човечкото тело

Група швајцарски научници пронајдоа нов дел од човечкото тело. Се работи за трет слој на мускулот на долната вилица кој досега никогаш не беше забележан.

Новооткриениот мускулен слој се протега од задниот дел на јаболчната коска до предниот мускулен процес на долната вилица (S - површен слој, D - длабок слој, C - короноиден слој).

Може да се забележи кога се стегаат забите и се ставаат прстите на образот, а неопходен е за џвакање храна. Овој слој на мускул е откриен со истражување објавено во научното списание Annals of Anatomy.

Досега не беше идентификуван, односно не се ни разгледувало дали има трет слој на масетерскиот мускул.

Во студијата биле користени 12 глави од трупови, човечки тела, кои биле складирани во формалдехид, а кои потоа биле секцирани. Со КТ скенови прегледани биле 16 човечки тела. Освен тоа, глави на жива луѓе била прегледани со магнетна резонанца.

Откритието е неверојатно и за самите истражувачи. Според еден од нив, Јенс Кристоф, професор на Универзитетот во Базел, тие ова го доживеале како откривање на сосема нов животински вид. Според д-р Силвија Мезеј, која го водела истражувањето, овој дел од мускулот веројатно ја стабилизира долната вилица и ѝ овозможува да се врати накај увото.

„Ова откритие е показател за тоа колку човекот не ја познава анатомијата“, пишува Jerusalem Post.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе