Научници снимија како звучи земјиното магнетно поле - застрашувачки

Научниците од Европската вселенска агенција (ЕСА) во звук конвертираа податоци собрани од три сателити, а крајниот резултат е тонски запис кој звучи навистина застрашувачки.

Иако интернетот деновиве е преплавен со хорор содржини воочи Ноќта на вештерките, оставете ги страшните филмови и игри на страна за да слушнете нешто навистина страшно. Европската вселенска агенција објави аудио снимка на која може да се слушне како звучи магнетното поле на нашата планета. Додека нас нѐ заштитува од космичното зрачење, наелектризираните честички и сончевите бури, излезе дека магнетното поле на Земјата произведува навистина вознемирувачки звук.

За да ја направат оваа снимка, научниците од Техничкиот универзитет во Данска не наместиле микрофони насочени кон небото, бидејќи процесот на добивање на овој звук не е толку едноставен, туку податоците од сите три Swarm сателити ги конвертирале во звук, а добиената снимка го претставува магнетното поле при удар на сончева бура.

„Тимот користеше податоци од Swarm сателитите на ЕСА, како и други извори, и ги користеше овие магнетни сигнали за да ја манипулира и контролира звучната репрезентацијата на јадрото од половите. Проектот секако претставуваше исполнувачка вежба на спојување на уметноста и науката“, вели Клаус Нилсен, музичар и еден од поборниците на проектот. „Звукот на земјиното магнетно поле е пропратен со приказ на геомагнетна бура која настанала како последица од ерупција на сончева бакља на 3 ноември 2011 година, ио навистина звучи застрашувачки“.

Ова не е прв пат научници да претворат нечујни сили во звук. Минатата година НАСА објави звучна репрезентација на магнетното поле околу месечината Ганимед на Јупитер, а неодамна успеавме да слушнеме и како звучи црна дупка.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе