Научниците оптимисти, имунитетот на коронавирусот би можел да е долготраен

Утврдувањето на траењето на имунитетот од инфекција со коронавирусот SARS-CoV-2 е пресудно за разбирање на текот на пандемијата. Засега, клиничките судии покажуваат дека имунитетот е долготраен.

Истражување објавено во Nature се однесува на испитување на реакциите на имунитетот откако ќе мине одреден период од заразување со вирусот.

Со обѕир на комплексноста на истражувањето, научниците прво утврдиле дека постојат така наречени столбови на одбрана на организмот од коронавирусот.

„Постои консензус дека двата главни столба на антивирусниот одговор се Т-клетките кои можат селективно да елиминираат заразени клетки и вид антитела кои спречуваат вирусот да ги зарази клетките. Третиот столб на ефикасен имунолошки одговор би можела да биде генерацијата на Т помошни клети кои се специфични за вирусот и ја координираат имунолошката реакција“, се наведува во истражувањето.

Тоа е пресудно за создавање имунолошка меморија на организмот.

„Имунолошката меморија е посебен аспект на имунолошкиот систем. Во мемориската фаза на имунолошкиот одговор, Б клетките и Т клетките се специфични за вирусот и се во состојба на мирување, но се подготвени за акција ако повторно се сретнат со вирусот или вакцината“, пишува Nature.

Се наведува дек Б клетките имаат двојна улога во организмот, произведуваат антитела коишто можат да ги препознаат вирусните протеини и теловите на тие протеини можат да претстават одредени Т клетки или да се развијат во плазма клетки кои во голема количина ќе излачуваат антитела .Мемориските плазма клетки можат да се одржуваат со децении, ако не и целиот живот, во коскената срж, објаснуваат научниците во студијата.

На крајот од студијата, научниците објаснуваат дека имунитетот уште повеќе е засилен кај луѓето кои се вакцинирани една година по прележан коронавирус.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе